Секое утро ви започнува со неа. На сите веќе Милена ви е добро позната од емисијата „Здраво Македонијо“ , но дали знаете всушност која е таа? Во разговорот што следува ќе ви откриеме неколку детали за оваа прекрасна млада и успешна водителка .1. На сите добро ни е познато дека секој почеток е тежок. Каков беше вашиот почеток во кариерата на водителството?
– Беше многу тежок морам да кажам. Се соочив со нешто ново и непознато, а и неочекувано затоа што никогаш пред тоа не ни помислував дека ќе се занимавам со водителство. Јас сум дипломиран новинар и нормално како и останатите сакав да работам по професија, но не ни замислував дека ќе бидам пред камерите секое утро, а тоа го правам веќе повеќе од 5 години години. Велам тежок беше почетокот, затоа што немав никакво претходно искуство и буквално како што се вели бев фрлена во оган. Тешко е да се стекне довербата кај гледачите и никогаш не можам да знам кој и што ќе каже во етер. Тогаш чувствував одредена трема, страв и несигурност, со но тек на годините и со стекнатото искуство тоа се промени.
2. Секоја професија е стресна на свој начин. Како Милена се справува со стресот кој го има во телевизија?
– Да точно е дека секоја професија е стресна на свој начин, но точно е и дека секој мисли дека неговата професија е постресна од останатите☺ Но јас ќе зборувам од свој аспект… со самото појавување на телевизија иако повеќе тоа не го чувствувам, стресот се појавува. Тоа е скриен стрес кој произлегува од одговорноста која ја носам, затоа што гледачите веќе во мене и екипата на “Здраво Македонијо” гледаат решение на своите проблеми. Морам да внимавам на кого што ќе кажам и каков одговор ќе дадам. Сето тоа дополнително ми создава стрес, но за моја среќа успешно се справувам.
Се обидувам колку што можам повеќе да одмарам, се релаксирам со читање книги што навистина ме ослободува од негативната енергија, и колку што можам повеќе спортувам, а тоа повеќе го правам во летниот период. Се дружам со позитивни и духовити луѓе затоа што смеењето ме опушта и ослободува од негативните вибрации.
3. Тешка задача е некму да му го разубавите денот, почнувајќи од утрото, а вие тоа успешно го правите. Дали ви се случува спротивното, може ли да успее некој од гледачите да го уништи целиот ваш ден?
– Да ми го уништи целиот ден, не. Но, се случува некој да ме изнервира, но тоа трае многу кратко. Се обидувам да не си ставам се на срце, затоа што сепак ова е моја професија и моја работа и ја одвојувам од приватниот живот.
4. Секој водител има свој стил. По што вие се одвојувате од другите ваши колешки?
-Тоа можеби би било подобро да ги прашате гледачите☺ Ако мислите на стилот на водење, тоа што можам да го кажам е дека ме препознаваат по скромноста, толерантноста и трпеливоста, како и подготвеноста секогаш да помогнам доколку е во моја надлежност.
5. Телевизијата налага секогаш да изгледате одлично и беспрекорно, а вие тоа одлично го постигнувте, Како ја одржувате линијата и кое е вашето оружје за успех?
-Пред се ви благодарам за убавите зборови. За да ја одржам оваа линија немам некоја посебна тајна формула или некаков режим на исхрана. Јадам често, но во мали количини, пијам многу чаеви и вода и повремено спортувам.
Се негувам како и останатите млади и модерни девојки кои сакаат да го зачуваат своето здравје со тоа што често ги посетувам салоните за убавина, кои се грижат за мојата кожа и коса.
6. Како Милена стои на емотивен план? Дали сте заљубени и според вас што е најважно во една врска?
– Љубовта постои секогаш околу мене. Најважно во една врска е почитта, толеранцијата и разбирањето, но сепак се тоа би било малку ако не постои искрената љубов. Таа спојува, а останатите нешта ја зацврстуваат врската и ја продлабочуваат.
7. Како мажите реагираат на вашата телевизиска кариера?
– Секој на свој начин… Најчесто позитивно и го прифаќаат тоа што го работам. Тоа ми е многу важно, затоа што ако нема разбирање и од едната и од другата страна за професиите кои сме ги одбрале, една врска нема да може да функционира.
8. И за крај, ќе им откриете ли на нашите читатели кој е вашиот позитив на денот?!
– Се она што измамува насмевка на моето лице и го подобрува моето расположение, а тоа најчесто се искрените насмевки на децата, нивната непосредност, чистата душата и љубовта која безрезервно ја споделуваат со останатите.1. На сите добро ни е познато дека секој почеток е тежок. Каков беше вашиот почеток во кариерата на водителството?