Минела Незировиќ е девојката која дигна доста прашина на Балканот последните месеци. Минела е млад текстописец од Сараево. Талентирана, образована, културна, скромна… се само дел од епитетите коишто можеме да ги кажеме за оваа девојка, која со првото интервју ги освои нашите срца. Нашиот портал ексклузивно дојде до Минела, а таа без двоумење го прифати нашиот предлог за интервју.1. Минела, од каде идеата за пишување текстови ? – Секој дел од мојот живот е поврзан со музика. Подоцна таа иста љубов прерасна во инспирација за пишување.
2. Дали беше пресудна љубовта кон музиката или некоја друга љубов ? – Од секогаш сум била заљубена, во животот, природата, луѓето… така да не е само љубовта кон музиката, има доста причини. (се смее)
3. Можеш ли да ни го опишеш моментот кога за прв пат зема лист хартија и пенкало и ги напиша првите стихови, сепак си доста млада ? – Секако, од моментот кога на сцената се појави пејачот Милан Станковиќ. Милан беше моја инспирација и причина да почнам да пишувам текстови. Тој беше специфичен. Во тој период тој ја објави песната „Перја“, и некако на ум ми падна дека можам и јас да пишувам
4. Значи тој е „ виновникот “ за твојот почеток ? – Милан некако го разбуди мојот талент за пишување.
5. Како се вика твојот прв текст, кој прв го слушна тој текст ? Мојот прв текст се вика „Tebi sreco“ кој е пишуван на мелодија од песната „Ljubi me po sećanju“. А прва која го слушна текстот беше Мидхета Шубасиќ, моја најдобра пријателка и огромна поддршка.
6. Каква беше нејзината реакција ? – Таа беше позитивно изненадена и горда.
7. Колку текстови имаш досега напишани и дали си имала соработка со некој пејач? – До сега имам повеќе од 30 текстови напишано. Секако дека сум имала соработки. Мојата прва соработка беше на една хуманитарна организација во Црна Гора, за децата со посебни потреби, тука го запознав пејачот Радој Симоновиќ. Му понудив соработка. Тој се пронајде во еден од моите текстови. И таа песна му послужи како најава за неговиот нов албум.
8. Дали таа беше единствена соработка? – Секако дека не, но таа соработка некако ми беше потврда дека тоа што го работам, го работам одлично. Мекиќ Ибрахим има резервирано песна за следното лето, тука би ја спомнала и соработката со големиот пејач и човек Шеки . Деновиве сме во финални преговори со Темпо продукција, менаџерскиот тим на продукцијата е доста заинтересиран за она што го нудам, но да не ги откриваме сите тајни. (се смее)
9. Која е ваша најголема поддршка ? – Благодарам на прашањето. Најголема поддршка секако се моите родители. Но посебно и огромно благодарам до мојата мајка, која несебично ме поддржува во се.
10. Дали имате поддршка и од некои sвезди ? – Да, да. Моја најголема поддршка е човекот со огромно срце а потоа и одличен пејач Јасмин Бурек. Јасмин е човек кој има посебно место во моето срце. Тој ме запозна со главните луѓе во телевизија Хајат.
11. Слушнавме дека одлично и пееш . Дали би се пријавила во некое музичко шоу? – За поголем дел од моите текстови имам направено и демо снимки. Засега немам планови да се пријавам на некое музичко шоу, но во иднина зошто да не..
12. Дали ве инспирира радоста и тагата подеднакво? – Најтажните и најубавите љубавни стихови ги имам напишано кога бев најсреќна. Можеби тие стихови сум ги пишувала по некое предчувство. Ние уметниците сме многу емотивни и некако имаме предчувство, па понекогаш несвесно предвидуваме доста судбини.
13. Како реагирате кога ќе приметите дека некој се дружи со вас од интерес? – Едноставно, со такви личности избегнувам секаков вид комуникација.
14. Дали се согласувате со некое непишано правило дека „ текстописците се луѓе кои ги продаваат своите емоции за пари“ ? – Зависи, ако некој тоа го работи од љубов, како јас сигурно не, но докулку работи за пари тогаш секако дека продава емоции за пари.
15. Чија кариера би сакала да ја имаш ? – Не постои текстописец на Балканот кој не би посакал да има кариера каква што има Марина Туцаковиќ. Таа е фантастична жена па потоа и уметник.
16. Какви се вашите планови за иднина ? – Секако би сакала да завршам факултет и паралелно да го работам она што најмногу го сакам. Со талентот којшто го поседувам и малку упорност се надевам дека че го најдам и јас своето место под естрадното „sвездено“ небо.1. Минела, од каде идеата за пишување текстови ? – Секој дел од мојот живот е поврзан со музика. Подоцна таа иста љубов прерасна во инспирација з