Интервју со модната дизајнерка Александра Митковска

Чисти и строги геометриски линии, манипулација во крој, спојување на навидум неспоиви материјали…тоа е нејзиниот стил, стилот по кој можете да ги препознаете крециите на модната дизајнерка Александра Митковска.На овој осми по ред  Fashion Weekend кој ќе се одржи од 22-ри до 30-ти октомври таа ќе ја претстави својата колекција пролет-лето 2014 и есен-зима, кои ќе ги презентира на 29ти, во Музејот на град Скопје.
Нејзиниот моден бренд  Vibrazioni од Александра Митковска постои од 2009 годиа, а може да се сретне низ  салоните во Скопје, Белград, Софија…
Пулс24: Од кога постои желбата кај Александра, да стане моден дизајнер?!
Александра Митковска: Па откога знам за себе. Како мала ја дизајнирав Александра во мисли, за како ќе изгледа кога ќе порасне. Скоро сите работи што ги купував, ги редизајнирав, дизајнирав и чевли, зашто не можев да си најдам соодветни. На 12 години почнав да дизејнирам  парчиња за себе, а потоа за другарки…

Пулс24: Во секојдневното работење мора да постои нешто што ве мотивира и ви дава сила да продолжите понатаму! Ќе ни откриете ли што е тоа, и од каде ја црпите инспирацијата?!
Александра Митковска: Пред се си ја сакам работата. Имам потреба да комуницирам со светот и сето оа што го чуствувам во себе, да го извдам надвор од себе. Модниот дизајн ми е алатка со која најлесно можам да искумуницирам. Во модниот свет брзо се реагира и нема одмарање. Кога нешто ќе ми ги наежи сетилата, знам зошто и каде идам со мислите, ги поставува темелите и на нив градам.
Пулс24: Што е она по што е препознатлив вашиот стил на работа, со кои материјали најмногу сакате да работите?!
Александра Митковска: Чисти и строги геометриски линии, манипулација во крој, спојување на навидум неспоиви материјали. Немам омилини материјали или бои. Се зависи од тоа што сакам да искумуницирам и во зависно од тоа, бирам се останато.

 

Пулс24: Колку занимавањето со модата влијае на вашиот личен стил на облекување?!
Александра Митковска: Стилот на облекување има влијание од стилот (начинот) на живеење, размислување, толкување, интереси, кои пак имаат влијание на начинот на којшто создаваш мода. Сакам јас VIBRAZIONI by Aleksandra Mitkovska, и се носам.
Пулс24: Кои се вашите очекувања за овој осми Fashion Weekеnd Skopje?!
Александра Митковска: Немам очекувања, имам колекција пролет-лето 2014 и есен-зима, кои ќе ги презентирам на 29ти, во музеј на град скопје, во склоп на  Fashion Weekend, и еден куп останата работа која би било убаво да се заврши.

Пулс24: Кои се вашите планови за во иднина, и што можеме следно да очекуваме од вас?!
Александра Митковска: Сонот е многу голем.
VIBRAZIONI by Aleksandra Mitkovska, за прв пат оваа сезона есен-зима, направи сериска колекција, која ќе ја има во 36, 38, 40 и 42 броеви, истата ќе биде продавана во Белград, Софија, Сараево, Загреб, Тирана и Миано.
Пулс24: И за крај, според вас што е она што никогаш не излегува од мода, односно што е она што во секое време, секоја девојка мора да го поседува во својот орман?
Александра Митковска: LBD – мал црн фустан (масивност, елеганција, едноставност, мултифункционалност, ниска цена и црна боја), која в 20тите ја лансираше Coco Chanel.На овој осми по ред 

Пронајдете не на следниве мрежи: