Интервју со модната дизајнерка Росица Мршиќ

Школувана на Факултетот за визуелна уметност и дизајн во Утрехт, Холандија и на Школата при Уметничкиот институт во Чикаго, САД, оваа модна авторка со години создава под сопствено име. Автентичен дизајнерски израз, суптилен авангарден стил и кохерентност во колекциите се првите референци што асоцираат на работата на дизајнерката Росица Мршиќ.Според неа дизајнот треба да биде употреблив, со намена и функција, да има форма која ќе привлече, но и ќе понуди комфорност, и најважно да има дефиниран и карактерен израз за да го обележи својот животен тек. Таа стана актуелна со номинацијата за најдобар меѓународен дизајнер на изборот Интернационални бугарски модни награди EIRENE 2013 и освојувањето на наградата за најдобар дизајнер за регионот на Европа и Русија. Следеше финалното гласање по кое Мршиќ стигна до петтото место меѓу девет финалисти, специјална награда за најголем број на гласови од обожавателите на Фејсбук, како и серија на бенефити како на пример награден фонд кој ќе ѝ овозможи претставување по две сезонски колекции во следните пет години на Бугарската модна недела, награда за организирање дипломатски прием во Софија во чест на Македонија и на Мршиќ, организирање трговски состанок и работилница со дизајнерски консултации, како и изложбен салон во рамките на Модната недела во Пловдив.

Пулс24:  На колкава возраст ја добивте желбата да се занимавате модата и како всушност се пробивте на модната сцена?
Росица Мршиќ: Вообичаено е да уште од раната возраст бидеме љубопитни за формите, текстурите и боите околу нас. Отсекогаш ме интригирало преведување на постоечки форми во поинаков контекст, создавањето невообичаени и нови изгледи. Ме радува што успеав поривот за создавање да го насочам кон реализирање на парчиња облека, кои ќе дишат со карактер и софистицираност, и да можам да ја пласирам сопствената работа веќе години наназад.
Пулс24: Кои се добри а кои лоши страни во модниот свет?! Дали некогаш сте посакале да се занимавате со нешто друго?!
Росица Мршиќ: Кога го работиме она што го сакаме  не размислуваме за негативностите.  А доколку треба да се соочиме, секој професионалец треба да се стреми кон позитивните страни.
Пулс24: Од вашето досегашно искуство, што е она ве прави нај горда на работен план?!
Росица Мршиќ: Крајниот производ на успешно реализираните идеи и неговото прифаќање од консументите на модата е тоа што го предизвикува моето задоволство.

 

Пулс24: Според вас што се е потребно за да се успее на светската сцена?! Дали тоа претставува тежок процес?!
Росица Мршиќ: Успехот е резултат на напорна работа и посветеност на остварување на поставената цел. Тоа подразбира поседување талент, упорност  и енергија . Но, за да се пласира работата надвор од границите, не се потребни само напоменатите квалитети, туку потребна е и промоција на работата на светските модни случувања.
Пулс24: Сметате ли дека во Македонија вреди да бидете моден дизајнер?!
Росица Мршиќ: Да  се занимаваш со моден дизајн е исто како и да работиш било која друга креативна работа. Местото каде се извршува работата е прашање на избор.  Се разбира дека  поголемите и поразвиени пазари даваат повеќе можности за развој на вакви професии, но и во Македонија може да се пласира дизајнерска облека доколку се има јасна цел и се работи квалитетно на имиџот.

Пулс24: На која позната личност од македонската естрада според вас, најмногу и прилегаат вашите креации, и дали постои личност на која не би и продале парче од вашата колекција?
Росица Мршиќ: Изборот на облеката, независно кој ја креирал, значи „себепрепознавање“ во избраното парче.
Пулс24: И за крај еден совет од вас, за нашите читатели: Како една млада дама треба да се облече за да изгледа идеално на едно вечерно излегување?!
Росица Мршиќ: Мојот личен стил на облекување е базиран на минимализмот, графиката, скулптуралноста и тоа се одразува на моите креации. Па така мојата препорака  е дека не треба да се претерува  во употребата на детали и додатоци. Според неа дизајнот треба да биде употреблив, со намена и функција, да има форма која ќе привлече, но и ќе понуди комф

Пронајдете не на следниве мрежи: