Запознајте го уметникот кој несомнено краде многу насмевки разубавувајќи секојдневно многу жени со својот уникатен начин на шминкање.Како би се опишале себеси?
-Душа човек.
Либерал или конзервативец?
-Ова второво со конзервава не ми се свиѓа, ова првото е по „COOL“ а?
Рецепт за успешен живот?
-Однесувај се како дама, размислувај како машко.
А за успешна кариера?
-Биди апстрактен и креативен (различен од другите).
Може ли во Македонија да се живее од оваа професија. Има ли заинтересираност за курсевите за шминка?
-Секако дека може. Ако си доволно добар во тоа што го работиш од секоја професија може да се заработува. Курсевите си течат редовно и се појавуваат доста талентирани ученици, веќе доста од нив се доста успешни во нивната работа.
Кои се најчестите грешки кои луѓето ги прават при шминкање?
-Повеќето се искомплексирани од нивниот бел тен на кожа и за да го маскираат тоа користат пудра со многу потемен пигмент и тоа нормално изгледа многу невкусно. Прејако нагласени очи во дневна варијанта и веќе постоечката нанесена маскара апгрејтирана со нов слој… Ова се највпечатливите грешки кои што можам да ги забележам.
Ајде еден совет до понежниот пол, каква шминка за преку ден, а каква навечер?
-Се разбира дека во дневна варијанта користиме light шминка-тоа е некоја полесна пудричка, убаво исцртани очи, карминче и сенка за очи во нијанса искомбинирана со аутфитот. За вечерна варијанта може да се опуштите со експериментирањето, но да се внимава да не се претера.
Да не ги запоставиме машките…што им советувате нив?
-Има еден супер муабет вика: „Не е срамота машко да плаче, срамота е да му се размачка маскарата.“ Самиот збор маж, доволно објаснува…треба да се почитува онаа граница до кај може да се оди. Евентуално во крајни случаеви каде што е неизбежна шминка за пред камера, корекција на оштетено лице и сл.
Личност од јавниот живот која е мајстор кога станува збор за шминка?
-Шминката како шминка е малку ограничена во поглед на уметноста…секако дека ја има ама во многу помали количини за разлика од филмската, театарската и body-paint-от каде што се прават вистински уметнички дела. Таму има прави уметници што не се толку познати во јавноста, каде што единствено можам да се воодушевам на нивната работа. Секако од тука црпам инспирација во мојата работа.
Ќе можеш ли издвоиш сексапилна македонка?
-Со шминка или без?
Идеална жена?
-Порано имав некои замисли за идеалната жена. Сеа повеќе сакам да експериментирам, некако сите ми се супер, не знам зошто.
И моето омилено нешто, кога станува збор за Вашата креативност – Body painting. Колку македонките се смели за ова?
-Што повеќе го потенцираме муабетот „смелоста кај македонките“, ќе расне тензија во контекст на тоа дали е ова за мене или не. Ова е еден тип на уметност каде што преку телото се изразува уметноста.
И за крај кој е советот за читателите на најчитаниот веб портал Пулс24?
-Бидете позитивни и насмеани, насмевката е најубавата шминка.Како би се опишале себеси?
-Душа човек.
Либерал или конзервативец?
-Ова второво со конзер