Интервју со Невена Нешковска НЕВ – девојката за која допрва ќе се слуша!

Невена Нешковска НЕВ, живее и работи во Чикаго. Таа брзо станува популарна ширум целиот свет. Љубовта кон музиката ја негува уште од детството. Инаку, НЕВ ја претстави нејзината нова песна. Додека ја слушате, прочитајте за што разговаравме со неа.1. Со цел за подобро да те претставиме кај македонската публика, би сакала да ни кажеш нешто повеќе за твојата музичка кариера. Колку време се занимаваш со музика?
Невена: Отрилика од 10 години се бавам со музика. Тогаш ме научи брат ми да свирам на гитара. Ги вежбав истите рок песни тој што ги знаеше да ги отсвири. Дури не почнав да пишувам своја музика, константно ги вежбав истите неколку песни од Guns & Roses и Led Zeppelin.
2. Од каде најмногу ја црпиш инспирацијата при пишувањето песни?
Невена: Пробувам да не мислам на ништо кога пишувам музика. Ми крати од креативноста. Но, секако од слушање на разноразни музичари и стилови, без да осетам сум била инспирирана доста пати. Некои од групите кои што ме инспирирале да си изградам свој стил би биле ATB, Primus, Taraf de Haidouks и Morandi.
3. Веќе имаш настапувано на повеќе фестивали во Романија, дали постои шанса да те видиме и тука кај нас?
Во нареднава година би сакала да ја посетам Македонија. Едвај чекам асално да си седнам да си каснам бурекче со јогуртче. И секако би ми било големо задоволство да настапам кај нас.
4. Со кој од познатите музички имиња би сакала да снимиш дует?
Гитарски дует би сакала со царот Влатко Стефановски затоа што обожавам да импровизирам со ромски мелодии на гитара. Во врска со вокал, има премногу пејачи со кои што би сакала да направам дует. Ed Shereen и Sam Smith моментално ми се најомилени пејачи затоа со нив двајца би ми било ќеиф да го направам дуетот. Талентирани се премногу, а и изгледаат на интересни дечки за дружење. Срцки!
5. Дали ти и твојата сестра планирате да ја изненадите публиката со нов кавер за песна?
Со Калина моментално спремаме своја песна која би сакале да ја лансираме летово. Можно е и да се спрема спот. Песната ја напишав на романски, но моментално и македонски текст спремаме. Реге-поп е. Се надевам дека ќе им се допадне на слушателите.
6. Кое достигнување најмногу ќе го паметиш и со кое се гордееш?
Бев многу среќна кога успеав да имам интервју во HaHaHa Productions во Романија. Имав малце трема, ама така е секогаш на почеток. Исто така се радував кога дознав дека неколку романски артисти успеале некако да ми ги слушнат и споделат моите “cover”-и (т.е. интерпретации) од нивните песни. Некои од тие пеачи се: Alex Velea, Puya, Nane и Zhao.
7. Со оглед на тоа дека си млад изведувач, што би им порачала на сите оние кои допрва се обидуваат да ги направат првите почетоци во музичката кариера. Каков совет би им дала?
Би им рекла да вежбаат секој божји ден. Исто така, би им препорачала да слушаат секаков вид на музика за да им се развие слухот. И секако, би сакала да си ги следат сништата и да не потонат во балканскиов песимистичен менталитет. Ако во некој момент се депримираат поради тоа што мислат дека никој не ги приметува и недоволно брзо итаат кон патот на славата, да не се откажуваат. Светот на музиката е суров и ретко се наидува на помош. Сам си против сите, но оние кои успеале, се најупорните, а не секогаш најталентираните. Многу познати групи и соло музичари се прославиле после 10 години мачејќи се. Дури тогаш светот ја открил нивната музика.
8. Имаш ли некакви планови за во иднина на музички план?
Полека, полека. Ништо не е сигурно. Единствено знам дека сакам музиката да ми стане професија.
9. И за крај, кое е животното мото според кое се водиш?
„Ак ти се прајт ќејф, з’ш да не“.
1. Со цел за подобро да те претставиме кај македонската публика, би сакала да ни кажеш нешто повеќе за твојата музичка кариера. Колку време

Пронајдете не на следниве мрежи: