Интервју со Нина Ангеловска – “Не барајте изговори – Just do it“!

Генералниот менаџер на првиот веб сервис за групно онлајн купување во Македонија (Grouper.mk), Нина Ангеловска е пример за успешно водење на бизнис и здрав начин на живот. Нинa смета дека со добра организација секој има време за се, а останатото се изговори. Покрај редовното спортување и здравиот начин на исхрана, ја препорачува NT+C апликацијата која нуди одлична можност за секој: креирање лична програма, голем избор на тренинзи со различни цели и слобода да се вежба било кога од било каде.Дали твојата работа бара да бидеш во добра физичка подготвеност и дали вежбањето е дел од твоето секојдневние?
Вежбањето го практикувам пред се за себе, а воедно и затоа што ми помага да бидам полна со елан и енергија за работа. Вежбам 4-5 пати неделно и на вежбањето гледам како на активност која психички ме опушта и ми помага да се ослободам од било каков стрес. После вежбање сум полна со енергија за да се вратам на работа.
• Дали успеваш редовно да тренираш со оглед на обемните професионални обврски?
Моето мото е дека “со добра организација секој има време за се”, останато то се изговори! Успевам да вежбам редовно, со тоа што некогаш тоа го правам наутро пред работа, но најчесто вежбам по работа, без разлика дали е тоа 18,19 или 20ч. Ако знам дека ќе останам на работа до доцна навечер, се организирам да го почнам денот со фичика активност. си имаат свои предности, пример дома го имам комодитетот и вежбам кога сакам да вежбам сама, во фитнес сала е друго искуство зошто покрај вежање има и социјален момент на дружење, а надвор ми е најубаво за разбистување на мисли, и за сама и за со друштво зависно од расположение.
• Дали мислиш дека N+TC апликацијата може да влијае повеќе девојки и жени да се занимаваат со спорт, со оглед што дека ги олесува условите за вежбање (може да се вежба било каде, бесплатна е…)?
Дефинитинво! Се што е потребно е волја, решителност и организација. Сепак треба време за да се “навлечете” на спорт и тоа да ви стане lifestyle.
• Во што најдобро се чувствуваш додека тренираш?

Зависи што вежбам. Патиките мислам дека се главен елемент од опремата.. Трчам со Nike Free Run, тренирам со Nike Zoom Fit Agility наменети за gym workout, овие ми се тазе уште им се радувам секој тренинг 🙂
• Што може да те мотивира да вежбаш? И има ли нешто што те демотивира?
 Секој си наоѓа своја мотивација. Мене главан мотив ми е бесценетото чувство после тренинг. Дополнително важно ми е како се чуствувам и како изгледам. Сметам дека опремата за вежање и облеката е еден мотивациски фактор. Со оглед на тоа што каде и да се свртите во фитнес сала има огладала, фино е да ви се допаѓа што гледате додека вежбате 🙂 (хаха ова двосмислено излезе)
Нема нешто што ме демотивира. Мислам дека времето влијае на поголема или помала желба за вежбање, како што влијае и на нашето расположение, ама не можам да кажам дека ме демотивира. Не сум се фатила во ситуација да се мислам дали ќе вежбам или не, или да барам изговори, па аналлогно ете кое ми е другото мото – “Just do it” :)Дали твојата работа бара да бидеш во добра физичка подготвеност и дали вежбањето е дел од твоето секојдневние?
Вежбањето го практикува

Пронајдете не на следниве мрежи: