Интервју со Оливера Штакоска: Клучот на успехот е истрајноста!

Младата дизајнерка и стилист Оливера Штакоска која ќе се претстави на деветтата сезона на   „Fashion week“ открива кои се клучните работи за успехот и што таа мисли за модата во Македонија.Пулс24: Кажете ни накратко нешто за себе?
– Моите први обиди за креирање облека беа во основно училиште. Уништив добар дел од материјалите на мајка ми, но се исплатеше. Ова е мое прво претставување после долги годи и работа.
Пулс24: Кој е клучот за вашиот успех?
– Клучот на мојот успех е истрајноста. И добрите гени.
Пулс24: Што мислите за модата во Македонија?
– Модата во Македонија добро е што се движи некако. Според она што во  моментов го гледам по улиците мислам дека луѓето се трудат да ги следат светските трендови се разбира во наши услови.
Пулс24: Што ве прави најгорди на професионален план?
– На професионален план најгорда сум кога ке изработам нешто што ми изгледало дека е невозможно.
Пулс24: Со каква колекција ќе се претставите на Модниот викенд?
– На модниот викенд ке се претставам со летна колекција. Во најголем дел се состои од долги фустани, кошули и елечиња.

Пулс24: Со какви материјали ќе доминираат вашите креации?
-Од материјали најмногу користев тантела, памук, лен, вискоза.
Пулс24: Сметате ли дека вреди да се биде моден дизајнер во Македонија?
– Мислам дека вреди да го работиш она што го сакаш без разлика каде.Пулс24: Кажете ни накратко нешто за себе?
– Моите први обиди за креирање облека

Пронајдете не на следниве мрежи: