Интервју со The Backdoor Band: „Идеална жена: во кујна – готвачка, во кревет – љубовница, на работа – бизнисменка.“

Жарко, Александар (Ринго), Никола (Ози) и Лазе се момците од охридскиот „The Backdoor Band“ кои ја збогатија нашата забавна естрада со одлични рокенрол хитови. „На задна врата“, „Лоша навика“ и „Truck & Roll“ се само најава за она што следува. Како започнале, што претставува успешен живот, кариера, жена и многу повеќе во интервјуто.Кој ви доаѓа на задна врата?
-Ние влегуваме на задна врата т.е на швалерска врата
Вашата лоша навика е…?
-Доцнење! Апсолутни шампиони. Мик Џегер така остаре, не чекаше за на проба! хахаха
Започнавте со камионот во движење…како дојдовте до таа луда идеја?
-Сосема спонтано. Ози (Никола) ја предложи таа идеја, а сите ние се погриживме да ја реализираме.
„Па така ми текна, нешто да се организира во нашиот град да не е се монотоно по некој шаблон. Далеку од тоа дека ние први во светов го направивме тоа, но во Охрид, а и во Македонија не се имаше случено до тогаш, па на несакање испаднавме први со таков вид на настап во живо од камион во движење на овие простори“, Ози.
 Како би се опишале како бенд? 
-Зависници од rock and roll.

Рецепт за успешен живот?
-Моментално не го знаеме, сега за сега разработуваме рецепт за преживување, па постепено сигурно ќе стигнеме и до тој рецепт за успешен живот. Или нашето мото „Always look on the bright side of life“.
 А за успешна кариера?
-Пред се, да го работиш она што те исполнува и што го сметаш за животна цел. Тука си најсилен, најмотивиран и можеш да го дадеш максимумот.
Која е најсексапилната македонка?
-Секоја жена си има посебен сексипил, наш избор – баба Рада ахахахах.
Идеална жена?
-Во кујна – готвачка, во кревет – љубовница, на работа – бизнисменка.
Имате многу обожавателки, како се справувате со нив?
-Така што и ние ги обожаваме максимално.
Вашите идни планови се…?
-Моментално работиме на создавање нови песни за потребите на нашиот деби албум, па потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
И за крај кој е советот за читателите на најчитаниот веб портал Пулс24?
-Слушајте рокенрол, бидете позитивни, ведри и насмеани. Трудете се да ги правите работите што вас ве прават среќни и не се срамете од тоа што сте!Кој ви доаѓа на задна врата?
-Ние влегуваме на задна врата т.е на швалерска врата
Вашата лоша навика е…?

Пронајдете не на следниве мрежи: