Филмот „Интервју со вампирот“, кој е адаптација на романот на Ен Рајс, беше богата и содржајна приказна која само станува повкусна со годините, што доведе до прослава на 20-годишнината од неговата појава.Филмот ја следи приказната на двајца вампири, Лестат и Луи, кои претвораат едно 12-годишно девојче во бесмртно суштество и ја учат да живее со монструозните апетити. Но, филмот денес може да биде најпознат по својата мета-приказна: Двете главни машки улоги, Бред Пит и Том Круз, се најголемите ѕвезди на планетата и дека девојчето кое се претвори во вампир – Кирстен Данст, има успешна и провокативна кариера.
Том Круз
Магазинот Forbes го класифицираше како најславна личност во светот во 2006 година. Тој беше номиниран за три Оскари и освои три Златни Глобуси. Неговата прва водечка улога беше во 1983 година во филмот „Ризични бизниси“. Две години по улогата во „Интервју со вампирот“, неговата кариера се вивна во небото по глумењето во „Невозможна мисија“. Денес повеќе привлекува внимание поради неговите верски убедувања и љубовниот живот.
Бред Пит
На публиката Пит ѝ станува познат во 1991 играјќи во филмот „Телма и Луиз“. Со улогите во филмовите „Река на спомени“ и „Легенда за есента“, тој стана тин идол. Но, за неговата улога на лудиот Џефри Гоинс во „12 Мајмуни“, добил Златен Глобус и една номинација за Оскар. Бред Пит во 1994, 1995 и 2000 е избран за „Најзгоден Маж на Планетата“ според американското списание People. Годинава се ожени за неговата љубов, познатата актерка Анџелина Џоли.
Кристијан Слејтер
Можеби врвот на кариерата на овој актер е токму во „Интервју со вампирот“, кој ја толкуваше улогата на човекот кој што ги интервјуриаше вампирите. Актерот оствари успешна улога во филмот „Скршена стрела“, но во последно време тој повеќе се појавува во мини серии.
Кирстен Данст
Можеби јавното појавување на оваа актерка не беше секогаш постојано, но Кирстен Данст е една од ретките актерки кои успеале да се пробијат во холивудската индустрија уште од мали нозе. Таа глумеше во многу тин комедии и драми, но остана најзапаметена по улогата во франшизата на филмови за „Спајдермен“. Таа ја доби наградата за „Најдобра актерка“ на Канскиот филмски фестивал, поради улогата во филмот „Меланхолија“.
Антонио Бандерас
По појавата како згоден париски вампир во „Интервју со вампирот“, Бандерас подоцна оствари и ја зацврсти соработката со режисерот Педро Алмодовар. Во наредните години, актерот работеше на многу проекти и глумеше во многу филмови, како „Маската на Зоро“, „Десперадо“. На новите генерации им е најпознат по позајмувањето на гласот за анимираниот филм „Шрек“, поточно за улогата на Мачорот во чизми.
Танди Њутн
Улогата на Ивет во овој филм беше една од првите за оваа актерка. Веќе по 2000 година, таа стана дел од поголеми филмски проекти, вклучувајќи го вториот дел од „Невозможна мисија“ и „Хрониките на Ридик“. Њутн моментално е дел од тимот на серијата „Западен свет“.
Ен Рајс
Ен Рајс е американска писателка, една од најчитаните писатели на модерното време, многу позната по тоа што своевремено ги вратила вампирите повторно во мода. Својата кариера Ен Рајс ја започнала со фасцинантниот роман „Интервју со вампирот“ во 1976 година, која ја напишала во 1973 година, непосредно по смртта на нејзината ќерка. Романот бил нејзин начин на носење со губењето на детето, истовремено давајќи еден сосема нов поглед на светот гледан низ очите на главниот протагонист Луи де Поинт ду Лак, плантажер од Њу Орлеанс кој ќе биде претворен во вампир од страна на Лестат де Лајонкорт. „Интервју со вампирот“ станува почеток на серијал од романи кој денеска е познат како Вампирски хроники и вклучува вкупно десет романи (Интервју со вампирот, Вампирот Лестат, Кралицата на проколнатите, Приказната за крадецот на тела, Ѓаволот Мемнох, Вампирот Арманд, Мерик, Крв и злато, Фармата Блеквуд и Крвава молитва).
Филмот ја следи приказната на двајца вампири, Лестат и Луи, кои претвораат едно 12-годишно девојче во бесмртно суштество и ја учат да живее со монс