Интервју со Влатко Величков – маркетинг менаџер на „Веро“

Интервју со Влатко Величков – маркетинг менаџер на „Веро“1.  Викендов во Кисела Вода се отвори 10-иот по ред супермаркет во градов. Со каков капацитет ќе располага Веро 10?
Чест ни е да го најавиме нашиот јубилеен 10-ти по ред Веро супермаркет кој ќе се протега на површина од околу 1.500м2. Во внатрешноста,  корисниците ќе бидат услужени на  7 каси, а за да ги осигураме нашите добавувачи дека нивните производи ќе се чуваат во идеални услови, изградивме модерен складишен дел од 700 м2. Граѓаните не треба да се грижат за тоа каде ќе го паркираат својот автомобил бидејќи обезбедивме и подземен бесплатен паркинг, во кој ќе има простор за 40 автомобили и ќе овозможи едноставно и организирано пазарување.

2. Каде точно се наоѓа новоотворениот супермаркет?
Долго време размислувавме која би била идеалната локација за да ги задоволиме потребите на скопјани и од овој дел од градот…едноставно во вистински момент се сложија коцките и не можевме да бидеме посреќни од локацијата која во моментов ја имаме, а се надевам дека задоволството е подеднакво и кај граѓаните од Кисела Вода. Се работи за булеварот Борис Трајковски (поранешна Првомајска), на просторот на некогашните магацини на Жито Лукс, а во непосредна близина на просториите на општината Кисела Вода. Ове е една од најфреквентните улици во Скопје, низ која поминуваат голем дел од граѓаните на Скопје, одејќи на работа и враќајќи се дома, со што им е овозможено попатно да си ги завршат своите куповни потреби, а во Веро 10 ќе имаат голем избор од најдобар квалитет.

 

3.  Веќе 17 години успешно опстојувате на нашиот пазар. Кој е клучот за ваквиот успех?
Напорната и искрена работа секогаш се исплати. Пред  17 години го отворивме првиот Веро Супер маркет, а денес кога ќе погледнеме наназад горди сме на изодениот пат. Со полно срце ја пресековме лентата и за отврањето на 10-иот Веро Супер маркет бидејќи сме свесни дека со макотрпна работа успеавме да создадеме лојални потрошувачи и да воспоставиме со нив искрени релации, што е и главниот клуч на позитивниот развој кој го бележиме. Веро 10 за нас е голем чекор каде уште еднаш на нашите ценeти купувачи, посебно од овој дел од Скопје ќе можеме да им понудиме услуги и квалитет по стандардите на „Веро“.
4.  Со отворањето на голем број и други супермаркети, конкуренција станува се пожешка тема. Како се справувате со ова?
На пазарот сме веќе подолго време што ни дава и одредена предност, бидејќи веќе воспоставивме релација на доверба со нашите купувачи благодарејќи на големиот асортиман, врвната услуга и секогаш свежите производи. Се разбира дека тука не завршува нашата работа, напротив, ни дава обврска плус нивните очекувања не само да ги задоволиме, туку и секогаш да понудиме нешто ново и свежо со што секојдневнот пазарење ќе биде не само обврска, туку и забава за целото семејство. Нашиот ланец на супермаркети успешно ја гради својата приказна постојано инвестирајќи во нови малопродажни објекти, каде на своите потрошувачи им нуди врвен квалитет, избор и задоволство при пазарувањето. Веро, заедно со својот тим од над 900 вработени низ земјава и понатаму ќе настојува да ја спроведува својата стратегијата – најдобар избор, најдобри цени и најдобра услуга, водејќи се по мотото ‘’Купувачот е нашиот шеф’’.1.  Викендов во Кисела Вода се отвори 10-иот по ред супермаркет во градов. Со каков капацитет ќе располага Веро 10?
Ч

Пронајдете не на следниве мрежи: