Нашата грижа за заедницата е постојана и проактивна1. Жито Лукс деновиве е посветен на спроведување хуманитарни акции за децата со посебни потреби. За што точно станува збор?
Неодамна започнавме со спроведување на донаторска акција, преку која донираме пакетчиња со наши производи во седум здравствени и социјални установи од јавен карактер каде се згрижени деца со посебни потреби. Акцијата започна на 20ти Ноември, Светскиот ден на детето, со што сакавме да го одбележиме овој датум.
2. Што е мотивот за донирање и зошто ги избравте токму овие јавни установи?
При одлучување што да биде целта за донацијата, изборот беше сведен на седум институции и заводи од цела Македонија каде се сместени деца со посебни потреби. Тука влегуваат Заводот за рехабилитација на деца и младинци во населбата Топаанско поле во Скопје, Интернатот за привремено згрижување деца од социјално загрозени семејства „Гоце Делчев“ во село Љубанци, како и на децата со посебни потреби од Дневните центри лоцирани во Велес, Гостивар, Тетово, Прилеп и во Куманово. Малку од нас знаеме какви се состојбите каде живеат овие деца и кои се нивните животни предизвици. Секако дека овие институции им овозможуваат максимална нега и грижа, но во рамките на нивните можности. Затоа сме тука ние како граѓани, родители но и како компании, кои со мала заложба може да бидеме причина и повод за многу искрени насмевки и радости.
3. Колку како компанија сте посветени на грижата за заедницата?
Жито Лукс има долга традиција на грижа кон заедницата. Учествуваме во секоја донаторска акција кога станува збор за солидаризирање и заедничка помош на загрозени семејства, без разлика дали тоа било предизвикано од временски непогоди или несреќа од друг вид. Покрај тоа, во последниве неколку години и самите инициравме и спроведовме донаторски кампањи преку издвојување на дел од продажбата на некои од нашите производи и донирање во здравствени установи како Детското хируршко одделение во Велес или во Специјалната болница Св. Еразмо, во Охрид, донацијата во Домот за деца без родители, 11 Октомври а сега и последнава.
4. Жито Лукс е компанија која што ги негува традиционалните вредности, но сепак, дел од вашите производи се однесуваат на потребите на модерниот потрошувач. Врз што се темели таквата определба?
Со своето речиси седумдесетгодишно искуство и традиција, постојано нудиме продукти произведени според најнови технолошки иновации, и затоа остануваме единствени на пазарот. А токму тоа ни наметнува обврска да останеме доследни и верни на потрошувачите кои секогаш биле со нас. Ддинамиката што ја диктира новото време, како и потребите на модерниот човек, имаат други барања, кои ние, мора да ги следиме и исполниме. Се обидуваме да ги предвидиме овие потреби и воопшто барањата на пазарот и на тој начин да бидеме први што пласираат нов и уникатен производ. Сето тоа го правиме паралелно со нашиот посебен и внимателен однос и кон традицијата и потрошувачките навики на сите генерации. Верувам дека таквиот однос, следењето на новите трендови и имплементирање но иновативни методи, се уште не прави лидер на пазарот во мелничко – пекарската индустрија. И како резултат на сето ова имаме постојано зголемување на базата на клиенти.1. Жито Лукс деновиве е посветен на спроведување хуманитарни акции за децата со посебни потреби. За што точно станува збор?