Железничкото поврзување на Република Македонија и неговото нормално функционирање е од особено значење како за економскиот развој на земјата и нејзините бизнис релации, така и за зацврстување на нејзините политички и геостратегиски позици во регионот и пошироко. Ваквото значење и улогата на железницата произлегува од фактот што Република Македонија се наоѓа на значајна регионална позиција каде што се вкрстуваат двата коридора, Коридорот 8 и Коридорот 10, кои се дел од транс-европската мрежа на коридори – велат од Стопанската комора на Македонија за „Република“.Оттаму сметаат дека функционалната раздвиженост на овие железнички коридори видно би ги динамизирале транспортните текови на луѓе, стока и капитал во поширокиот регион на Југоисточна Европа, а тоа укажува дека се вистинска потреба и реалност за севкупниот развој на земјата и пошироко, создавајќи и’ услови за успешно вклучување во светскиот процес на глобализација и отворајќи ѝ простор за поширока интрарегионална соработка.
-За потребата и бенефитите од подобрување на железничката мрежа е доста зборувано и елаборирано, а основно е да се напомене дака тоа повеќекратно позитивно ќе влијае во динамиката на економскиот развој, зголемувањето на трговијата, намалување на учеството на транспортните трошоци во цената на производите и суровините што се увезуваат и извесуваат, подобрување на конкурентноста на компаниите на странскиот пазар и порастот во економијата воопшто. Тоа непосредно ќе се одразува и во зголемувањето на вработеноста и отворање на нови работни места. Исто така, тоа ќе има и големо економско-политичко значење, особено Коридорот 8, кој ќе и’ овозможи на државата видно економско-политичко релаксирање, односно ќе ја елиминира можноста за нејзино евентуално сообраќајно условување во регионот. Развиената сообраќајна мрежа во регионот е сама по себе превенција и заштита од можните сообраќајни условувања- велат од Стопанската комора на Македонија.
Потребата за пошироко железничко поврзување на Македонија со соседните земји особено дојде до израз по зачестените сообраќајни блокади на правецот север-југ, што мошне негативно се одрази врз превозот на значаен дел од стоките што го користат овој транспортен коридот, кои поради нивната природа и карактеристични својства не можеа во целост да најдат замена за железничкиот превоз.
-Во овој контекст треба да се напомене дека ненавременото завршување на започнатите развојни процеси за соодветно железничко поврзување на Коридорите 8 и 10 создава простор за конкурентна закана од Коридорот 4, кој поминува низ Бугарија и Романија и кој што овозможува поврзување на Централна и Западна Европа со Блиски Исток и Централна Азија. Реалната закана што доаѓа од овој коридор, покрај другото, е и поради подобрата позиција на овие земји како земји членки на ЕУ, што може да доведе до комплетно заобиколување на Република Македонија од регионалните стокови текови – потенцираат од СКМ.
Новото железничко поврзување во насока исток-запад, препознатливо како Коридор-8, е една од главните алки за поврзување на дел од европските земји и земјите од Западен Балкан со Блискиот Исток и Централна Азија.
-Кога станува збор за железничкиот Коридор 8, за Република Македонија постојат два алтернативни железнички патишта од албанскиот пограничен град Лин до Скопје – Северен и Централен дел. Северниот дел на железницата од Лин преку Кичево до Скопје е во должина од 182 км. Од Лин до Кичево во должина од 65 км не постои железничко поврзување, а останатиот дел до Скопје е поврзан. Централниот дел би имал должина од околу 240 км и би го поврзувал Лин со Сопотница преку Прилеп и Велес, кој исто така не е изграден. Во делот од Скопје до Деве Баир има еден железнички пат во должина од 123 км, од нив 55 км се во изградба која е во повеќегодишен застој. Со железничкото поврзување преку Коридорот 8 не само што ќе се олесни експанзијата на стоковните текови меѓу трите земји (Македонија, Албанија и Бугарија), туку ќе биде значаен и за подинамична размена за ЕУ-пазарите до Централна Азија и обратно, потенцијално претворајќи го Југо-источниот европски регион во зона на слободна трговија. Преку комплементарно поврзување на стопанските структури, тој ќе обезбеди далеку подобар пристап до светските пазари и до потребните суровински извори, а ќе влијае и врз намалување на економските разлики меѓу земјите од опкружувањето.Не треба да се изостават ефектите во туристичката сфера, развојот на нови бизниси долж коридорот, како и олеснување на начинот на комуникации меѓу различните култури од Регионот и пошироко. Она што е многу значајно, железничкиот Коридор 8 ќе го олесни патот на Македонија до ЕУ, со оглед дека оската од овој коридор ќе стане дел од ЕУ- прогнозираат од Стопанската комора на Македонија.
Во реконструкцијата на железничките станици во нашата земја, вклучени се македонски градежни компании, кои досега успешно ги реализираат договорените обврски.
Според Министерството за транспорт и врски, градежните компании треба реконструкцијата и модернизацијата на железничките станици да ја завршат во текот на оваа 2016 година и тоа на околу десетина железнички станици на коридорот 10 и кракот 10Д.
-Исто така, се работи на реконструкција на делници од железничката пруга Битола – Кременица кон Грција, но и на делници од пругата кон Бугарија. Поголем градежен ангажман во изградба на железницата, се очекува со реализација и на проектот од втората фаза од Бељаковце кон Крива Паланка. Но и според планирањата, во континуитет ќе оди со изградбата, откако ќе се заврши со проектирањето на третата фаза. И на овие проекти, во реконструкцијата ангажирани се и домашни градежни компании- додаваат до СКМ.Оттаму сметаат дека функционалната раздвиженост на овие железнички коридори видно би ги динамизирале транспортните текови на луѓе, стока и кап