Во источниот дел на државата моментно се работи на реконструкција и изградба на повеќе патишта во вкупна должина од 120 километри за кои се инвестирани 230 милиони евра. Во следниот период, како што најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, ќе започне и изградба на уште три експресни патишта, од Штип до Кочани, од Штип до Радовиш и од Ранковце до Крива Паланка.Овие патишта ќе бидат во вкупна должина од околу 200 километри, а за нив ќе бидат инвестирани над 200 милиони евра.
– Со ова сериозно ќе биде подобрена патната инфраструктура во источна Македонија. Но, кога станува збор за патишта без разлика дали се тие експресни, регионални, магистрални, локални и автопатишта никогаш не е доста и секогаш луѓето имаат нови идеи и нови потреби. Тоа е долг процес, но она што е направено во овој период е многу повеќе отколку во кој и да било друг период досега, изјави Груевски.
Остануваме, нагласи, посветени на делата и на она што сме го ветиле пред граѓаните да биде исполнето. – Тоа е нашиот начин на работа, а не деструктивност и постојано некој да се оцрнува. Ние не го гледаме нашиот пат кон успехот преку правење на црни сценарија и преку правење на кризи, ние нашиот пат кон успехот во овие изминати години го гледаме преку работа, преку вложување и преку дела, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Овие патишта ќе бидат во вкупна должина од околу 200 километри, а за нив ќе бидат инвестирани над 200 милиони евра.
– Со ова сериозно