Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски заедно со Владата на Република Македонија до крајот на годината ќе распишат тендер за набавка на нови 20 долги електрични и 30 електрични минибуси за градот Скопје.-Градот Скопје заедно со Владата на Република Македонија планира набавка на 20 зглобни или долги електрични автобуси и 30 минибуси. Нивната вредност би требало да биде некаде околу 20 до 25 милиони евра, со оглед на тоа дека еден од зглобните автобуси чини некаде околу 600 до 650 илјади евра, додека пат минибусите некаде од 300 до 350 илјади евра. Се разговара и со Владата на Република Македонија, а особено со Министерството за финасии и Министерството за транспорт и врски околу начинот на обезбедувањето на финансиските средства, изјави градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.
Тој посочи и дека кон крајот на оваа година или почетокот на следната година очекува да се распише тендер за набавка на овие електрични автобуси, така да потоа од подготвеноста на набавувачот треба да почне доставувањето на овие електрични автобуси.
-Електричните автобуси ќе значат многу за градот Скопје, прво од еколошки аспект тие се многу значајни, практично тоа ќе биде зелената линија на градот Скопје и најпрво ќе бидат поставени на линијата на која што беа предвидени. Набавката на овие електрични автомобили ќе бидат десет пати поевтини, него кога би правеле транвај за истата должина и истиот капацитет на пренос на луѓе со тоа што дополнително нема да бидат раскопувани улиците и ќе се движиме во трендот како што се движи светот, потенцираше Трајановски.-Градот Скопје заедно со Владата на Република Македонија планира набавка на 20 зглобни или долги електрични автобуси и 30 минибуси. Нивната вреднос