Кандидатот за пратеник од Изборната единица 2, Бојан Стојаноски заедно со директорот на Агенција за млади и спорт Марјан Спасески денеска на ново изграденото игралиште во УЗ Мирче Ацев се сретнаа со младите луѓе од општината.На средбата се разговараше за проектите од областа на спортот и младите што ВМРО – ДПМНЕ ги реализира во изминатиот период. Само во општина Ѓорче Петров до сега инвестирани се околу 130 милиони денари за изградба на спортски објекти.
Во општина Ѓорче Петров до сега се изградени две спортски сали, две фудбалски игралишта три повекенаменски игралишта, еден тениски терен, еден спортски полигон, а со донација од ФФМ и УЕФА изградено и опремено е фудбалско игралиште со вештачка трева, истакна директорот на агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Со новата програма „Реално“ во Ѓорче Петров предвидено е да започнат со изградба четири кошаркарски игралишта за „street basket“ и ќе се изгради едно тениско игралиште како дел од основното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, изјави Бојан Стојаноски кандидат за пратеник од ИЕ 2.
Тој на средбата потенцираше дека покрај овие спортски објекти во изминатиот период во општина Ѓорче Петров се поставени 5 улични вежбални со што во сите краеви од општината младите имаат можност да рекреираат и да го негуваат спортскиот живот.
Исто така директорот на агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески иста ваква средба одржа и со младите од Бутел каде што истакна дека во општина Бутел до сега се инвестирани околу 70 милиони денари за изградба на спортски објекти.
На средбата со младите од Бутел присуствуваше и кандидатот за пратеник Дарко Костовски кој ја потенцираше значајноста на овие спортски објекти бидејќи допринесуваат во изградба на здрава и спортска нација.
Со програмата на ВМРО – ДПМНЕ во општина Бутел предвидено е да се изгради едно повекенаменско и едно спортско игралиште како и изградба на една спортска сала и три игралишта за street basket.
Младите од Ѓорче Петров и Бутел изразија благодарност за досегашната посветеност на ВМРО – ДПМНЕ за изградба на овие спортски катчиња бидејќи со тоа им се овозможува да го развиваат и негуваат спортскиот дух здравиот начин на живот.На средбата се разговараше за проектите од областа на спортот и младите што ВМРО – ДПМНЕ ги реализира во изминатиот период. Само во општина Ѓ