На неколку недели, ќе се појави нова приказна за опасен вирус на Android која ќе загрижи голем број на корисници, но најчесто доколку користите Play Store, вие сте безбедни. Од друга страна, Apple и iOS важат како безбедни оперативни системи…Сега, редот е на Apple да добие приказна со вирус…за оние кои користат кинеските „продавници“ за апликации. Вирусот е наречен WireLurker и е првиот што може да зарази iOS уреди кои не се џејлбрејкувани.
Првичните извештаи велат дека има илјадници заразени уреди, а најчесто се шири преку USB. Кинескиот app store Maiyadi App е најверојатно виновникот за ова, бидејќи апликациите преку него се инсталираат со помош на компјутер, односно преку USB конекција.
WireLurker е опасен вирус, бидејќи веднаш ги инфицира сите останати програми и потоа е екстремно тешко (дури и невозможно) да го исчистите. Се претпоставува дека инфицираните апликации над 350,000 пати.
Засега, прилично е едноставно да се заштитите – користете го официјалниот App Store и не симнувајте апликации од трети страни.Сега, редот е на Apple да добие приказна со вирус…за оние кои користат кинеските „продавници“ за апликации. Вирусот е наречен WireLur