При претставувањето на iPad Air 2, Apple не информираше дека новиот таблет ќе доаѓа со подобрена верзија на A8 чипсетот кој се наоѓа во iPhone 6. Повеќето претпоставувавме дека ова значи зголемување на брзината на јадрата на процесорот…Всушност, новиот A8X чипсет доаѓа со неверојатни 3 милијарди транзистори, што е скок за 50% од 2 милијарди транзистори кои се наоѓаат во A8 чипсетот и огромен скок од 1 милијарда кои се наоѓаа во минатогодишниот A7 чипсет.
Она што е дополнително откриено на бенчмарк тестовите е дека новиот процесор не поседува две, туку три јадра кои работат на поголеми брзини. Јадрата работат на 1,4GHz во A8 чипсетот, додека во новиот A8X тие работат на 1,5GHz. Кога на ова ќе го додадеме зголемувањето на RAM меморијата од 1GB кај iPhone 6 на 2GB кај iPad Air 2, сега се прави јасна дистинкција помеѓу перформансите на iPhone 6 и iPad Air 2.
За повеќе информации прочитајте на gsm.mk. Всушност, новиот A8X чипсет доаѓа со неверојатни 3 милијарди транзистори, што е скок за 50% од 2 милијарди транзистори кои се наоѓаат во A8 чипсето