Apple ќе го објават следниот iPhone на 20 јуни и ќе биде пуштен во продажба веќе во јули. Барем така е објавено од јапонскиот сајт MacFan.
Одбележувајќи ја својата 20 годишнина како „Mac“-ориентиран сајт, MacFan пишува дека следната генерација на iPhone ќе биде презентирана на настанот на Apple закажан за четврток, 20 јуни. Неколку недели подоцна, според Electronista, се очекува моделот да се најде во продажба.
Во истиот извештај се вели дека Apple, во август, ќе го објави нискобуџетниот iPhone за кој веќе имаше различни гласини, а ќе биде припејд уред за девелоперските пазари како Кина и Индија.
Electronista ги пренесува овие гласини без да потенцира како MacFan ја добиле оваа информација.
Јуни или јули како временска рамка за лансирање на iPhone 5S се споменува и од останатите Apple набљудувачи, па дури и аналитичари. Apple оригиналниот iPhone и iPhone 3G и 3GS ги објави во периодот јуни-јули, исклучок беа iPhone 4S и 5 кои беа објавени на есен.
Како MacFan ги потврдува овие гласини?
– Apple аналитичарот Gene Munster очекува iPhone 5S да биде лансиран во јуни, следен од нискобуџетниот модел во Септември. – Аналитичарот, Ming-Chi Kuo од KGI Secirities, верува дека Apple ќе го објави следниот iPhone во јуни, а за продажба ќе биде понуден во јули. – Јапонскиот блог Macotakara, наменет за Apple, објавил дека продукцијата за новиот iPhone е веќе при крај.
Иако извештајот од MacFan се чини само дека е ехо од останатите извори, тие отидоа подалеку со тоа што објавија и конкретен датум. Кој и да е датум, летното деби на следниот iPhone може да биде добар стратешки потег на Apple.
iPhone 5 беше лансиран минатата година во септември само да се заврши септемврискиот квартал со „ескплозија“.
Подоцна следуваше презентација на новите iPad, iPad Mini, новиот iPod Touch и други, освежени, производи во октомври. Објавувањето на производите на тој начин, не остава што може да се објави во останатиот дел од годината.
Apple може да создаде повеќе фама за своите нови производи доколку подобро ги распореди лансирањата во текот на годината, во основа враќање на нивната стара стратегија.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Apple ќе го објават следниот iPhone на 20 јуни и ќе биде пуштен во продажба веќе во јули. Барем така е објавено од јап