Аналитичарите погрешно предвидуваа дека новиот, поефтин iPhone 5c ќе ја канибализира продажбата на поскапиот модел, односно на iPhone 5s. „Поголемиот брат“ успеа да биде најпродаван на територијата на САД за минатиот месец.Уште во првиот викенд на продажба, Apple продаде над 9 милиони единици од двата телефони. Математиката вели дека продажбите на 5s биле околу 6,75 милиони единици само во првите три дена. Со ова е скршен рекордот за продадени 5 милиони iPhone 5 уреди минатата година.
Извештајот вели дека iPhone 5s е на првото место по продажба кај сите 4 големи мобилни оператори во САД. Борбата за второто место била помеѓу Galaxy S4 и iPhone 5c, но немаме конкретни податоци за нив. Иако можеби звучи како Samsung да изгубил, сепак Galaxy S4 е уред кој е стар неколку месеци, па навистина е одлично што сеуште има голема побарувачка.
Најслаб месец имаа моделите на BlackBerry, Z10 и Q10, како и HTC One. Се очекува Apple да продаде над 52 милиони единици од iPhone 5s и iPhone 5c до крајот на оваа година.
Извор: GSM.mkУште во првиот викенд на продажба, Apple продаде над 9 милиони единици од двата телефони. Математиката вели дека прода