Еден нов извештај покажува дека iPhone троши 361kWh струја годишно, а колку за споредба, еден просечен фрижидер троши околу 322kWh струја годишно.Таа потрошувачка се однесува на вкупната струја потребна за уредот да има безжична конекција, за преземањето и користењето податоци, како и полнењето на батеријата, покажуваат резултатите од институтот Breakthrough.
Меѓутоа тоа не е ништо во однос на останатите информатички и комуникациски технологии кои трошат околу 10 проценти од светската струја. Сегашните трендови покажуваат дека поради широкопојасниот интернет, тој процент може да биде и повисок.
Информатичкиот сектор многу троши, бидејќи „cloud“ сервисите не може да се исклучат, па поради тоа е многу тешко да се намали потребата од електрична енергија за овој сегмент од потрошувачите.
Извор: kajgana.comТаа потрошувачка се однесува на вкупната струја потребна за уредот да има безжична конекција, за преземањето и користењето податоци, како и полнење