Иран осуди 8 корисници на Фејсбук на вкупно 123 години затвор

Владата во Иран со затвор казни осум луѓе затоа што според нив, на Фејсбук изнеле навреди спрема државата и нејзиниот водач.Осум корисници на социјалната мрежа Фејсбук се приведени и затворени од страна на Иранската влада поради коментари на Фејсбук кои наводно содржеле клевети, навреди, лаги и дезинформации и со кои се нарушува честа и угледот на претседателот на Иран Ајатола Али Каменеј, како и на Иранската држава.
Според иранските активисти за човекови права казните се премногу строги. Помеѓу притворените е и една државјанка на Велика Британија, на која и е изречена казна од 20 години затвор, затоа што во пораки и коментари на Фејсбук ја ословила Иранската држава како премногу строга и „премногу муслиманска“.
Од Британската влада велат дека се запознаени со случајот, но не соопштија ништо околу чекорите кои планираат да ги преземат понатаму. Иран, како и многу други држави од блискиот и средниот Исток од ден на ден се повеќе ја засилува контролата на социјалните мрежи и со секакви закони се обидува истите да ги забрани.Осум корисници на социјалната мрежа Фејсбук се приведени и затворени од страна на Иранската влада поради коментари на Фејсбук кои н

Пронајдете не на следниве мрежи: