Ирена Бокова: Нема ништо подобро од книгата

Книгата е врска меѓу минатото и иднината. Таа е мост меѓу генерациите и културите. Таа е посредник меѓу создавањето и споделувањето на мудроста и знаењето.Франц Кафка рекол: „Книгата треба да послужи како секира во замрзнатото море во нас“.
Како прозорци во нашите внатрешни животи, книгите, исто така, го отвораат патот кон заедничка почит и разбирање меѓу народите, независно од границите и различностите. Книгите во сите форми го олицетворуваат човечкиот гениј, му даваат реално богатство на човечкото искуство, вербализирајќи ја потрагата по смисла и изразување која е заедничка за сите жени и мажи и која прави сите општества да напредуваат. Книгите овозможуваат соединување на човештвото во една фамилија, која споделува едно минато, една историја и едно културно богатство, за да создаде заедничка иднина каде што секој глас ќе биде слушнат, еден голем хор на човечки аспирации.
На овој Светски ден на книгата и авторското право, во партнерство со Меѓународното здружение на издавачи, Меѓународното здружение на книжарници и Меѓународната федерација на библиотекарски здруженија и институции, ние ја славиме моќта на книгите да ја хранат креативноста и да го промовираат дијалогот меѓу жените и мажите од сите култури. Би сакала да се заблагодарам на Вроцлав (Полска), светската престолнина на книгата во 2016 година, што искажа волја оваа порака да ја рашири низ целиот свет.
Ова е дотолку поважно бидејќи живееме во време кога културата е нападната, постои закана врз слободата на изразување, а разноличноста е доведена во прашање со зголемувањето на нетолеранцијата. Во овие бурни времиња, книгите сведочат за човечките капацитети да создаваат реални и имагинарни светови и да пренесуваат пораки за разбирање, дијалог и толеранција. Тоа се симболи на надеж и дијалог што ние треба да го негуваме и браниме.
Вилијам Шекспир почина на 23 април 1616 година, само еден ден по Сервантес. На овој ден, јас ги повикувам сите партнери на УНЕСКО да ја споделат следнава порака: книгите имаат моќ да да се спротивстават на она што Шекспир го нарекуваше – заедничко проклетство на човечкиот род, незнаење и лудило.
Ирина БоковаФранц Кафка рекол: „Книгата треба да послужи како секира во замрзнатото море во нас“.
Како прозорци во нашите внатрешни жи

Пронајдете не на следниве мрежи: