Светската рекордерка во скок со стап и два пати олимписка шампионка, Елена Исанбаева, изјави дека по Светското првенство во Москва ќе замине во пензија.Исанбаева става точка на својата успешна кариера, 31-годишната атлетичарка освои златни олимписки медали во 2004-тата година во Атина и четири години подоцна во Пекинг, што се резултати за респект.
„Можам слободно да кажам дека мојата кариера 100% ќе се заврши на Светското Првенство. Тоа за мене ќе биде емотивен момент. Ќе ми биде задоволство што ќе учествувам на натпреварувањето и ќе се потрудам да дадам се од себе“ вели Исанбаева.
Инаку, Светското првенство ќе се одржи од 10-ти до 18-ти август во Москва.Исанбаева става точка на својата успешна кариера, 31-годишната атлетичарка освои златни олимписки медали во 2004-тата