Трикови за секс кој не се заборава: Мажите сакаат секс. Уживаат во него. Размислуваат за секс по цел ден. И тоа не е ништо лошо, ниту пак е некое ново откритие. Жените сакаат секс исто така. Уживаат, размислуваат, скоро исто како и мажите. И тоа е сосема во ред.
Тоа што треба да го имаме сите на ум е дека сексот може да стане монотон. Порано или подоцна.
За да не се случи тоа, ние ви носиме неколку трикови, вашите игри во кревет да бидат повоазбудливи и незаборавни. За двајцата.
Ќе одлепи!
За време на мазењето, кога најмалку се надева, преврти го на грб, врзи му ги рацете и кажи му да молчи и ужива. Тогаш преземи ја контролата и покажи му како се прави тоа. Не му дозволувај да се поместува и посвети се на секој дел од неговото тело. Многу детално. Обрнете внимание на неговите брадавици бидејќи се екстремно чувствителни. Посвети се посебно на пределот под стомакот, а потоа заедно до оргазам. Верувај, никогаш нема да го заборави овој секс.
Барај уште
Мажите обожаваат да чујат дека сакате уште. Тоа им дава ветар во грб им покажува дека се добри. Знаете дека секогаш се жалат дека жените не сакаат и избегнуваат секс? Епа покажи му дека не си една од нив.
Кога ќе ја завршите првата тура, искулирајте и завијте се околу него, погалете го и шепнете му на уво „Те посакувам повторно“.
Нема да знае што го снашло. Потруди се да бидеш пожешка од првиот пат и неколку пати за време на водењето љубов шепнете му „Никогаш не ми е доста од тебе“, „Би можела вака со денови“.
Ќе биде среќен како кученце, ќе ти јаде од рака, а ќе заспие задоволен – презадоволен.
Зборувај безобразно
Најпрост можен трик, а секогаш пали. Неверојатно.
Тие едноставно сакаат безобразници и ѓаволици. Што си повалкана во кревет, толку тој повеќе ќе се пали.
Дозволено е се што ќе ви падне на памет. Само безобразно. Можеби првиот пат ќе ти биде малку глупаво, но кога ќе се опуштиш и кога ќе в идиш колку му е убаво, ќе почнеш и ти да уживаш.
Едно е сигурно, него тоа ќе го изненади и ќе го напали до незапаметини размери. Ќе мисли на тоа со денови, можеби и подолго. Ти биди мудра, немој тоа постојано да го правиш, само повремено изненадувај го. Така ќе го држиш во неизвесност и секогаш ќе има фактор изненадување.
Дозволи му незаборавно будење
Утринската ерекција е нормална и секојдневна појава, паметно искористете ја. Разбудете се пред него, спуштете се доле, и послакајте му на господинот добро утро! Ќе збудали, ќе мисли дека сонува а кога ќе се разбуди, очите ќе му се прошират од изненадување! За него нема ништо подобро од жешко будење. Мажите мечтаат за тоа постојано.
Сакаат убаво да им почне денот со водење љубов и опуштено.
Освен што на него ќе му биде добро, ќе постигнеш цел ден да мисли на тебе и едвај да чека да се врати дома да види што си му спремила за добра ноќ.
Продолжува на следната страна…
Изведи стриптиз
Ова е „добрата ноќ“ која ја спомнавме во претходниот пасус.
Замрачи ја собата, запали неколку свеќи, музика за стриптиз и….чекај го да дојде. Кога ќе се појави на врата почни со својата точка. Кога ќе се соблечеш до пола, почни да го соблекуваш и него и воведи го во играта. Не се срами, само опуштено.
Препушти му ја целата контрола
Како што сака ти да ја имаш контролата, исто така ужива и кога тој ја има контролата на играта. Предај му се. Слободно клекни на колена и речи му дека му се препушташ целосно и сакаш да бидеш негова играчка.
Мажите се алфа мажјаци и во крв им е да бидат доминантни. Кога ќе му ја дадеш таа слобода е исто како да си му дала власт. Не плаши се, ќе биде добар владетел.
Исполни му ја фантазијата
Сигурно знаеш за некоја фантазија која се однесува на вас двајца, а која никогаш не сте ја исполниле. И да не знаеш, прашај го. Кажи му дека сакаш да го направиш тоа за него.
Мажите малку потешко се отвараат во однос на тоа прашање, но ако види дека во тебе има сојузник, ќе каже.
Важно е само да му веруваш и да бидеш максимално опуштена. Исполни му ја секоја сексуална желба и со тоа ќе го врзеш за себе.
Тоа што треба да го имаме сите на ум е дека сексот може да стане монотон. Порано или подоцна.
За да не се случи тоа, ние ви