Девојче од кичевско мистериозно исчезна додека вчера шетало со својот вујко. Како што пренесува Телеграф.мк, се работи за 2-годишно девојче од кичевското село Кленоец, од кое нема ни трага ни глас веќе 12 часа. Тоа излегло со вујкото да прошета, тргнале накај селото Извор, и од тогаш од девојчето се губи секаква трага.Портпаролот на СВР-Охрид вели дека според пријавата, девојчето исчезнало вчера попладне додека се шетало со својот вујко.
– Вчера во 13:45 часот две деца со нивниот вујко пеш оделе од селото Кленоец кон Извор. Кај местото Јарболот вујкото забележал дека едното дете го нема. Барал во околината, но не успеал да го најде – рече Димовски.
Инаку, по детето трагаат полицајци со кучиња и доброволци.
Девојчето има долга руса коса и последно на себе носи бели чевли, шаренa блузичка и розово детско ранче. Девојчето се вика Наде. Ако имате било каква информација пријавете во полиција.Портпаролот на СВР-Охрид вели дека според пријавата, девојчето исчезнало вчера попладне додека се шетало со својот вујко.
– Вчера во 13:45