Веќе три недели нема ни трага ни глас од Ана Николиќ. Пејачката не се појавува во јавност и сите се прашуваат што се случува со неа.Многумина мислат дека причината за ненадејното отсуство е евентуална бременост или аферата околу наводната тепачка со сопругот Раста, но вистината е поинаква.
Се зборува дека таа премногу се здебелила и дека во моментов интензивно тренира во теретана за да ја врати старата линија.
Кога Ана на 2-ри октомври соопшти дека ги откажува сите настапи поради „ненадејни здравствени проблеми“, фановите сериозно се загрижија. Оттогаш, таа не се огласува на социјалните мрежи и сите се прашуваат што се случува со неа.
Не е тајна дека таа е склона кон дебелеење. Но, како што наведува „Информер“, овој пат поради вишокот килограми се скарала со братот Марко кој воедно ѝ е менаџер и кој одлучил да ги откаже нејзините концерти додека не ослабне.
„Кога Раста и Ана се вратија од Мексико по медениот месец и откако Марко виде колку се здебелила, едноставно полуде. Тој смета дека освен со пеење, неговата сестра добива добар хонорар и врз сметка на изгледот. Откако неколку сопственици на клубови му посочија дека Ана се здебелила, Марко збеснал бидејќи се исплашил дека таа повеќе нема да биде барана“ – тврди извор близок до семејството Николиќ.Многумина мислат дека причината за ненадејното отсуство е евентуална бременост или аферата околу наводната тепачка со сопругот Раста, но вистината