Исчезнаа документи во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање од досието за следење на лица и комуникации во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кое го наредил поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски кон средината на 90-тите, а го продолжија и неговите наследници, пишува весникот Дневник.
Досието е познато под името „Темел“, а се состои од илјадници страници. Ова досие на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста се појави во 2001 година, кога самата бартија бараше да се изврши увид дали за неа е водена евиденција од тајните служби, во согласност и користење на законската можност.
По позитивниот одговор, ВМРО-ДПМНЕ матријалите од досието ги доствува во Собранието на расправа.
„Материјалите што на почетокот од 2001 година ја кренаа јавноста на нозе бидејќи докажуваа дека и во независна и плуралистичка Македонија тајните служби сè уште се водат од политички мотиви, сега ги нема во собраниската архива. Ги нема ни во Државниот архив каде што се чуваат сите минати документи од државните органи. Според информациите од Собранието и од Архивот за тоа како се чуваат документи од парламентот и како се предаваат на чување, материјалите од „Темел“, најверојатно, исчезнале некаде во периодот од 2002 до 2006 година кога тогашните претседатели на Собранието требале да ги предадат документите од претходниот пратенички мандат“, пишува Дневник.
„Во собраниската архива го нема досието што како документи за разгледување ги поднесе партијата ВМРО-ДПМНЕ во 2001 година, го нема ни извештајот од работата на Анкетната комисија или Kомисијата за надзор на работата на ДБK ниту, пак, заклучоците. Но, не е можно ни да ги има. Тие, според начинот за чување на архивската граѓа, треба да се предадени во Државниот архив“, изјавиле од Собранието за Дневник.
И во Државниот архив нема ни трага ни глас од документите.
„По проверката, и кај нас документи со ваква содржина нема, односно документи со таков архивски број не се заведени во нашата архива, што значи дека воопшто не се ни предадени од страна на Собранието – вели Зоран Тодоровски“, директор на Државниот архив за весникот.Тој вели дека практиката е секој нов претседател на парламентот по истекот на неговиот мандат, во просек на секои четири години, да ја предава целокупната архивска граѓа од Собранието на Архивот направена од неговиот претходник. Тоа би значело дека документите исчезнале некаде во периодот од 2002 до 2006 година.
Сеуште никој незнае што се случило со овие документи. Од целото досие, зачуван е по некој оперативен документ во самата ДБК и во МВР врз основа на кои и Комисијата за лустрација ја донесе длуката за лустрација.
„Досието за ВМРО-ДПМНЕ го поднесов во парламентот во 2001. Беше разгледано од комисијата и беа констатирани прекршувања на овластувањата на наредбодавците. Меѓутоа, сe` се забошоти. Она што е чудно е што досието го нема никаде, ниту во Државниот архив ниту во Собранието, значи некој го скрил. А зошто? Од проста причина да не се дознае како се злоупотребувани тајните служби. Јас ја чувам мојата копија. Среќа! Инаку, можеше засекогаш да биде скриена злоупотребата на првенците на СДСМ и со тоа денеска да се прават жртви поради тоа што лустрирани. Од друга страна, исчезнувањето на документите може да е намерно за да не бидат воопшто лустрирани. Треба да се истражи темелно кој и кога тоа го направил. Подоцна земав копија и од Државниот архив, меѓутоа таа има еден документ помалку со онаа копија што претходно ја земав од МВР, значи, некој чистел“, изјави за Дневник Филип Петровски, кој како пратеник ја водел процедурата во Собранието.
Исчезнаа документи во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање од досието за следење на лица и комуникации во сед