Исчезна позната водителка: Мистеријата трае 20 ГОДИНИ!

Познатата американска водителка Џоди Хјузентрут, мистериозно исчезнала пред 20 години, а нејзиното исчезнување сѐ уште не е разјаснето. Сепак, две децении подоцна, се појавиле двајца нови сведоци и полицијата се надева дека конечно ќе го расветли овој случај.Хјузентрут исчезнала на 27. јуни 1995. година, во Мејсон Сити во Ајова. Соседите изјавиле дека слушнале женски вресок по четири часот наутро и дека виделе бело комбе на паркингот.
Полицијата верува дека таа била грабната на паркингот пред нејзиниот дом, додека се брзала да оди на работа, бидејќи на тротоарот биле пронајдени нејзините обувки, лак за коса, фен и обетки.
На нејзиниот автомобил бил пронајден непотполн отпечаток на дланка, но полицијата не успеала да го пронајде осомничениот.
Дваесет години подоцна, нејзината колешка, новинарката Керолајн Лоув и пензионираниот полицаец Џеј Алберио, имаат нова теорија за нејзиното исчезнување.
Тие бараат покренување на истрага против серискиот силувач Тони Дијуан Џексон, за кого се сомневаат дека ја грабнал водителката зашто дента кога била грабната бил виден во близина на нејзината куќа.
Во меѓувреме, Џексон бил уапсен поради силување на три жени во 1997 година и во моментов се наоѓа во затвор и ја издржува доживотната казна.Хјузентрут исчезнала на 27. јуни 1995. година, во Мејсон Сити во Ајова. Соседите изјавиле дека слушнале женски вресок по четири часот наутро и дека

Пронајдете не на следниве мрежи: