Исчезнала пред 23 години и прогласена е за мртва, а потоа се случило нешто неочекувано!

Жената која како тинејџерка  побегнала од дома и за која се сметало дека е мртва, пронајдена е во рускиот град Тула како мајка на три деца.Јулија Г. на само 13 години побегнала од Волоград после расправија со родителите. Тие со  години ја барале, но на крај рускиот суд ја прогласил за мртва во 2005 година.
Се се променило на 27 мај кога полицијата пронашла незгрижено дете како спие на клупа во  тулскиот парк, набрзо потоа се појавила жена со две деца која тврдела дека е мајка на изгубеното  дете.
„Се представи  како Јулија Николаевна Г. и  рекла дека детето  е нејзино. Намашее  лични  документи, ниту било какви документи кои би потврдиле дека таа е навистина негова мајка“, рекле од полиција.
Откако  го утврдиле нејзиниот идентитет, дознале дека е родена на  април 1979 година и  дека е во нивната база.
 За време на испитувањето Јулија им кажала дека живее во Тула од декември 2015 , но  дека пред тоа била во друг регион „под влијание на религијски култ забранет во Русија“, од кој конечно успеала да побегне.
„Талкала, просела, ги минвала ноќите во православни цркви во  Тула кои  ѝ пружале привремен престој“, рекле од полиција нагласувајќи дека единствените документи кои можела да им ги даде биле изводи од книга на родените за нејзините деца од различни болници ширум Русија.
Мајката на Јулија дошла во Тула за да ја види својата ќерка, а од полиција тврдат дека двете жени веднаш се препознале. Моментално трае процесот за средување на документи за децата.Јулија Г. на само 13 години побегнала од Волоград после расправија со родителите. Тие со  години ја барале, но на крај рускиот суд ја прогласи

Пронајдете не на следниве мрежи: