Исчезнала пред седум години! Откриени морничави детали околу нејзиното исчезнување и убиството

Бритни Мери Дрексел  заминала со пријателките во  Мертл Бич. Тоа било во 2009 година. Последен пат била видена во хотелот. Потоа ѝ се изгубила секаква трага. Откриени се мачни детали за исчезнувањето на тинејџерката од Њујорк, на која трагат ѝ се губи трагата во 2009 година во Јужна Каролина.Тогаш 17-годишната Бритни Мери Дрексел, патувала во Мертл Бич со пријателите, без да им јави на своите родители и исчезнала без трага откако го напуштила хотелот на 25 април.
Во јуни, иследниците изјавиле дека веруваат дека исчезнатата тинејџерка е мртва и понудиле 25 000 долари за информација која би довела до затворање на случајот. В петок, агент на ФБИ дал детален извештај за тоа што властите веруваат дека ѝ се случило на девојката, врз основа на сведоштвото на затвореник кој вели дека ги видел ужасните последни мигови на Дрексел.

 
ФБИ агентот Герик Муноз ијзавил дека, според сведочењето на затвореникот, Дрексел била држена затворена во склад во МекКлиланвил, гратче на час оддалеченост од Мертл Бич, што ги потврдува информациите со кои располага полицијата, судејќи според сигналите на нејзиниот телефон.
Порано оваа година, затвореник осуден на 25 години затвор поради убиство на полицијата ѝ кажал дека знае што се случило со младата жена. Затвореникот Такан Браун од Волтерборо им кажал на агентите дека влегол во куќарката во деновите кога Дрексел била грабната и вдел како Тимоти Да`Шон Тејлор, тогаш на 16 години, сексуално ја злоставувал. Браун раскажал дека отишол надвор да му даде пари на таткото на Да`Шон, и тогаш видел како девојката истрчала од куќата, но набргу била фатена и претепана со пиштол. Потоа ја довлечкале назад во куќата и слушнал два истрели, по што го видел завитканото тело кое го однеле некаде.

Муноз изјавил дека неколку сведоци виделе како телото на девојката било фрлено да биде изедено од алигатори. Досега агентите не успеале да ги најдат останките на девојката и покрај тоа што пребарале 14 од 40 бари со алигатори во областа.Тогаш 17-годишната Бритни Мери Дрексел, патувала во Мертл Бич со пријателите, без да им јави на своите родители и исчезнала без трага откако го нап

Пронајдете не на следниве мрежи: