На интернет се појави исповед која исплаши многумина и која целосно ќе ви ја пренесеме во продолжение.„Исчезнаа три девојки во Сараево – Драгана, Мерима и Вахида. Сѐ се случи во Рајловац и народот се крена на нозе. И полицијата покрена истрага по девојките. Вакви работи се случувале досега и властите одлучиле да претресат подруми на кинески дуќани.
Обично вработените се измешани – има Кинези и Босанци. Специјалци одлучиле да претресат една работилница на сомнителен дуќан. Трговците останале прибрани при претресот, оставајќи впечаток дека нема ништо необично.
По деталниот претрес, девојките биле пронајдени во темна просторија во подрум, издрогирани, избричени, голи и обележени за вадење органи. Моментално се наоѓаат на Одделот за психијатрија на Кошево. Како што сведочат луѓето, ова обично се случува ако девојка влезе сама во дуќан и се води доле во подрум под изговор да проба нешто ново, но евтино…
Затоа размислете пред некаде сами да отидете за купување. Трговијата со органи е исплатлив бизнис на црно и треба на секаков можен начин да се апелира на кревање на свеста кај граѓаните за овој проблем.“