Исчезнатиот келнер Петар пронајден мртов

Телото на Петар Обренчевиќ (33) келнерот кој пред неколку дена исчезна од сплавот “Шејк енд шејк” синоќа било извлечено од водите на реката Дунав кај кулата Небојша во Белград.Според првичните податоци на полицијата се работи за несреќен случај, односно Петар паднал од сплавот, а бидејќи бил непливач се удавил во реката.
Како што дознава српски Ало, полицијата синоќа во 12 часот добила дојава дека во реката се наоѓа безживотно тело.Полицијата веднаш интервенирала по што успеале да го извлечат трупот, а по кратко време било утврдено дека се работи за исчезнатиот келнер од пред неколку дена.

За потсетување Петар исчезна ноќта помеѓу 23- 24 август додека бил на работното место на сплавот “Шејк енд шејк” каде требал да ја одработи својата смена од 21 до 4 часот, за што еден од неговите колеги вели дека последен пат го видел Петар на полноќ.Неговото исчезнување го пријавиле колегите кои за него велат дека е интелегентен, мирен, ведар и дека воопшто не е конфликтна личност.Според првичните податоци на полицијата се работи за несреќен случај, односно Петар паднал од сплавот, а бидејќи бил непливач се удавил во реката.

Пронајдете не на следниве мрежи: