недела, 22 ноември 2026
Најново

Исчезнатите по терористичкиот напад во Манчестер се бараат преку социјалните мрежи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Корисниците на социјалните мрежи помагаат во потрагата за лицата кои исчезнаа по експлозијата во Манчестер. Објавени се фотографии и имиња, а меѓу исчезнатите има и деца.Градската управа и градоначалникот Енди Барнам се меѓу многубројните корисници на Твитер кои преку хаштагот Missing in Manchester се обидуваат да им помогнат на луѓето кои ги бараат исчезнатите членови на семејството и пријателите, пренесува АП.
Меѓу исчезнатите е и 15-годишната Оливија Кембл, чија мајка изјавила дека нејзината ќерка присуствувала на концертот на Аријана Гранде со другарка од училиште која е пронајдена и префрлена во болница.

Оливија, меѓутоа, е исчезната, а дома се јавила пред почетокот на концертот.
-Се јавив во болница, сите локации и хотели во кои, како што чув, се однесени деца, се јавив и во полиција. Ако некој ја види Оливија, нека и го позајми телефонот, таа го знае мојот број, изјавила мајката на девојчето.
На крајот на концертот во градската Арена во Манчестер синоќа при експлозија загинаа 22 лица, а 59 се повредени. Меѓу настраданите има и деца.Градската управа и градоначалникот Енди Барнам се меѓу многубројните корисници на Твитер кои преку хаштагот Missing in Manchester се обидуваат да и

Поврзани вести