Исчезнатитот малезиски авион слетал некаде?

Меѓународниот тим кој трага за малезискиот боинг 777 разгледува наизглед неверојатна можност дека авионот слетал некаде, наместо да се сруши во Индискиот Океан.„Можеби ќе мораме да се реорганизираме за да ја разгледаме оваа можност, доколку во наредните денови не налетаме на позитивни резултати“, пренесуваат изворите на Дејли Мејл.
Изворите тврдат дека можноста авионот да се спуштил некаде е возможна, бидејќи не е пронајден ниту еден дел кој би можел да се доведе во врска со МН370.
Потрагата за исчезнатиот малезиски боинг 777 со 239 патници и членови на посадата денеска е привремено прекината поради тропскиот циклон, иако 10 воени авиони веќе имаат полетано во правецот на областа која што се пребарува.
Австралија ја предводи потрагата за авионот кој исчезна не помалку од 1 час по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг и се верува дека се срушил во Индискиот Океан. Се уште не се пронајдени никакви остатоци од авионот, а надлежните тврдат дека најдобрата трага што ја имаат досега се сигналите од локаторот во црната кутија.„Можеби ќе мораме да се реорганизираме за да ја разгледаме оваа можност, доколку во наредните денови не налетаме на позитивни резултати&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: