ИСЧЕЗНУВА ЗА МИГ: Ова е најдобриот природен лек за забоболка!
Забоболката може да биде интензивна. Луѓето коишто се плашат да одат на заболекар ја трпат болката или пак пијат апчиња против болки. Сѐ додека не одлучите да одите на заболекар, испробајте го најдобриот природен лек против забоболка кој редовно се служи во Индија – зачинот каранфилче.
Кај нас каранфилчето е познато како зачин, додаток во варени пијалаци или колачи, а во Индија се употребува за готвење на јадења кои тешко се обработуваат во дигестивниот систем и против забоболка.
Како делува?
Веднаш штом ќе почувствувате болка во забот или непцата, ставете каранфилче на болното место и цврсто загризете.
Држете така 15 минути до половина час.
Болката постепено ќе се намалува, а потоа сосема ќе исчезне.
Кога забоболката е посилна, употребете масло од каранфилче (може да се набави во билни аптеки) кое делува како анестетик.
По ставањето на каранфилче на болното место, пожелно е да втриете и малку масло од каранфилче. Болката ќе се ублажи во рекорден рок, како и кога ќе добиете анестезија кај заболекар.
Освен делувањето како анестетик, маслото од каранфилче има антивоспалително дејство, а добро е и за свеж здив.
Денеска актуелно и издвоено по избор на уредникот:
Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата
СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.