Ако веќе не можете да престанете, може барем да се потрудите на некој начин да го намалите ризикот од заболување на некоја болест. Овие производи можат да ви помогнат да ги отфрлите токсините кои ги имате во белите дробови!Пченка
Пченката содржи бета – криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дробови од карциномот бидејќи претставува силен антиоксиданс. Од друга страна, имајте на ум дека повеќето пакувана пченка на полиците во продавниците е генетски модифицирана, па подобро е да внимавате на потеклото.
Селен
Станува збор за моќен антиоксиданс кој не може да се најде во различни видови риби, како туна, лосос и бакалар, но и во јагнешкото, јајцата и житарките. Попрепорачливо е да се држите до јајцата и житарките, а да го избегнувате месото.
Портокали
Освен што веќе се познати како извор на витамини, портокалите исто така содржат и криптоксантин кој превентивно делува против ракот на белите дробови.
Ѓумбир
Ова е уште едно силно средство за исфрлање на токсините од белите дробови. Може да пиете чај од коренот на ѓумбирот со што ќе си го олесните дишењето, а парчето ѓумбир може да го изедете.
Лук
И кромидот и лукот содржат работи кои имаат антиканцерогено дејство. Лукот помага и сперечува многу болести и инфекции, па дури и рак на белите дробови. Интересно е тоа што кај личности кои имаат карцином го спречува ширењето.
Коприва
Оваа билка е преполна со железо, а многу е корисна и како средство за дезинфекција на белите дробови и борбата против инфекции.
Чај од борови иглички
Овој чај традиционално се користи за плакнење на устата и грлото, но може да ви биде и добар сојузник во борбата против ракот на бели дробови, како и за превенција.Пченка
Пронајдете не на следниве мрежи:



