Кукести крстови биле исцртани со спреј на вратите на џамија во Стокхолм, соопшти денеска шведската полиција.- Кога пристигнал персоналот на џамијата утврдил дека непознати лица извршиле вандализам на вратата. Меѓу цртежите имало голем број кукести крстови, се наведува во соопштението на полицијата.
Осум нацистички свастики се гледаат на фотографија објавена на Твитер од Омар Мустафа, претседател на Исламската асоцијација во Стокхолм. – Годината повторно почна со пишување кукести крстови на вратите на џамијата во Стокхолм, објави тој.
Џамијата се наоѓа на мала уличка во близина на центарот на главниот град на Шведска. Полицијата ќе поднесе тужба за оштетување на зградата и за поттикнување на омраза.- Кога пристигнал персоналот на џамијата утврдил дека непознати лица извршиле вандализам на вратата. Меѓу цртежите имало голем број кукести крстови