Иселениците треба да поднесат пријава за гласање најдоцна до 9. мај

Државјаните на Република Македонија на привремена работа или престој во странство, кое сакаат да го остварат своето избирачко право на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 5-ти јуни 2016-та година, можат да поднесат пријава за гласање најдоцна до 9-ти мај 2016-та година, објавена е на сајтот на Државната изборна комисија (ДИК).За да можат иселениците да гласаат, потребно е да поседуваат валиден македонски пасош или валидна македонска лична карта, документ за престој во земјата каде што се иселени, како и пријава за гласање во најблискиот конзулат или амбасада, како и барање за запишување во Избирачкиот список.
Очекувањата се дека за изборите на 5 јуни околу 20.000 гласачи од дијаспората ќе се пријават за гласање.

На минатите парламентарни избори во 2014 година во изборната единица во Северна Америка гласаа 1.845 гласачи, во Австралија 982, а најмногу во Европа 8.614. Во просек, во дијаспората 55 отсто од пријавените излегуваат на гласање.
Со последните измени на Изборниот законик пратениците од дијаспората ќе се избираат по пропорционален модел во една изборна единица. Потребниот минимум гласови за да биде избран пратеник од дијаспората е 6.400. Тоа значи дека дијаспората може да има максимум тројца пратеници.За да можат иселениците да гласаат, потребно е да поседуваат валиден македонски пасош или валидна македонска лична карта, документ за престој

Пронајдете не на следниве мрежи: