Експертите објаснуваат дали избегнувањето на леб може драстично да влијае на вашата моментална тежина. Но, дали е навистина вредно да се откажете од ова меко парче рај во вашата уста?Лебот може да ви обезбеди нутриентни како што се витамин Б и железо. Но, ако го јадете во голема количина, ќе внесувате доста калории и веројатно ќе добиете некој килограм повеќе.
Ако се прашувате колку може да ослабете доколку почнете да избегнувате леб, одговорот е дека тоа зависи од тоа колку леб сега јадете. Ако јадете многу, ќе ви треба повеќе труд.
Ако го елиминирате лебот само во тост наутро за појадок, немојте да очекувате драстични промени во килажата, но ако го исфрлите сосема од редовната секојдневна исхрана, тогаш ќе изгубите повеќе килограми.
Калории во лебот
Иако лебот не е особено богат со калории, доколку го јадете со секој оброк, тогаш значајно ќе го зголемите внесот на калории.
За да знаете колку би ослабеле со избегнување на леб, би требало прво да знаете колку од прилика дневно калории внесувате со консумирање на леб.
Белиот леб содржи 266 калории на 100 грама или 80 калории по парче од 30 грама, додека интегралниот леб содржи 247 калории, а парче леб од 30 гр содржи 74 калории.
Умерено губење на килограмите…
Умерено губење на килограмите
„Доколку го намалите внесувањето на калории за 100 до 500 калории дневно, а со тоа сте физички активни 30 до 60 минути, тоа е добар начин да ги изгубите вишокот килограми“, порачуваат нутриционистите д-р Алан Тиченал и Џоани Добс од Универзитетот на Хаваите.
Доколку вообичаено јадете парче леб за појадок, англиски мафин за ужина, леб за ручек и уште едно парче леб за вечера, имајте на ум дека само со конзумирање на лебот отприлика внесувате 454 калории дневно, односно 3,178 неделно.
Тоа се навистина многу калории.
Ако сакате да ослабете половина килограм неделно, потребен ви е дефицит на калории од околу 3500 калории, па ако моменталниот внес на калории е доволен за да ја одржите тежината, редукција 3.178 калорија неделно може да ви помогне да изгубите половина килограм скоро секоја недела.
Дали вреди?
Ова е прашање кое ќе го постави секој вистенски вљубеник во лебот – дали некој килограм помалку е вреден за исфрлање на омиленото ваше залче од исхраната?
– Да ја разрешиме мистеријата – ДА! Ќе се чувствувате многу подобро и ќе можете да јадете многу повеќе други работи.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Лебот може да ви обезбеди нутриентни како што се витамин Б и железо. Но, ако го јадете во голема количина, ќе внесувате доста калории и веројатно ќ