Исидора Бјелица, која по четврти пат се избори со ракот, обвинета е дека ја измислила болеста и дека ја користи за маркетиншки цели, ѝ упатиле навредливи пораки, но вакво нешто не се памети.Екипата која ги води профилите на исидора Бјелица на социјалните мрежи ги известила фановите дека од сега сите коментари ќе ги следи и полицијата.
„Веќе неколку дена од лажни профили иста група неписмени лица кои на различни начини напаѓаат и му се заканува на семејството на Исидора Бјелица. Бевме принудени случајот да го пријавиме во полиција за да се открие кој стои зад ова и да биде казнет. Од сега сите коментари се снимаат поради водењето на истрагата“.
Како што пишуваат медиумите, Исидора се навикнала некои луѓе да не ја сакаат, но никогаш до сега не се почувствувала загрозена.
„Исидора е многу исплашена. Иако поради нарушената здравствена состојба не би смеела да се нервира, ова потполно ја исфрли од колосек. Случајот е предаден во полиција и таа се надева дека ќе бидат сослушани сите кои се вклучени во хајката против нејзе и нејзиното семејство. Таа нема да дава изјави додека случајот не се заврши“, вели извор близок на Бјелица.
И самата Исидора се огласила на Фејсбук по повод заканите: „Бескрајно сум благодарна што сте покрај мене, ми значи вашата љубов и поддршка. Наскоро ќе дознаеме сите и ќе ставиме точка на оваа смислена линч кампања. Ве сака и прегрнува вашата Иси“.Екипата која ги води профилите на исидора Бјелица на социјалните мрежи ги известила фановите дека од сега сите коментари ќе ги следи и полици