ИСИС објави видео од наводното уривање на рускиот авион!

Џихадистите на Исламската држава објавија видео од последните моменти пред уривањето на рускиот авион Ербас А321, во кој загинаа 224 патници и членови на екипажот. Терористичката група ја презеде одговорноста за уривањето на авионот, но се шпекулира дека станува збор за монтажа.Беше утврдено дека не бил пратен никаков повик за помош пред паѓањето на авионот, ниту пак се слушнале било какви сомнителни звуци.
„Војниците на калифатот успешно соборија руски авион на Синај“ – стоело во соопштението објавено од страна на Исламската држава.
Да потсетиме, авионот на руската авиокомпанија „Когалимавија“, леташе на релација Шерм ел Шејк кон Санкт Петерсбург, откако по 23. минута од полетувањето се изгубил секаков контакт со пилотот.
Беше објавено дека во авионската несреќа починале 200 возрасни, 17 деца и 7 членови на екипажот.
Беше утврдено дека не бил пратен никаков повик за помош пред паѓањето на авионот, ниту пак се слушнале било какви сомнителни звуци.

Пронајдете не на следниве мрежи: