Наредниот пат, пред да се одлучите да се искапете во некое езеро, поставете си го прашањето: што всушност знаете за него и дали нашите предци биле луди што се плашеле од нивната длабочина?Езерото Конистон во Англија
Сместено во северна Англија, во пределот на неверојатните природни убавини, ова и околните езера се популарна туристичка атракција, а во последните неколку години, Конистон е вистинска мека за нуркачите кои трагаат по вистинска возбуда. Токму оваа активност откри една страшна тајна.
Летото во 1997 година, двајца аматерски нуркачи на дното од езерото виделе добро завиткано платно: не им требаше многу време за да сфатат дека во него се наоѓа човечки труп. Полициската истрага потврди дека станува збор за Керол Парк, наставничка која исчезнала во јули 1976 година. Веднаш потоа беше уапсен нејзиниот сопруг Гордон, кој беше осуден на доживотна казна затвор. Тој цело време тврдел дека е невин, а пред четири години се обеси во сопствената ќелија. Некои луѓе и понатаму тврдат дека тој не е убиецот.
Езерото Вест Вотер во Англија
Питер и Маргарет Хог се запознале додека работеле за иста авиокомпанија. И покрај разликата во годините (Питер бил 19 години постар од неа), тие 13 години биле во врска. Првобитно биле среќен пар, но набрзо таа почнала да го изневерува и да му го кажува тоа во лице. Тој ја удавил во текот на една караница.
Осум години подоцна, еден нуркач го пронашол нејзиното тело токму во ова езеро, кое било прицврстено со бетонски блок на дното. Благодарејќи на недостатокот на кислород и ледената вода, телото било добро зачувано и можело да се идентификува. Питер бил уапсен и по признанието дека ја убил, тој добил само четири години затвор. Неверојатно.
Пирамидното Езеро во Невада
Ова прекрасно езеро е едно од најмонструозните. Неговите мирни води и погледот кој едноставно го одзема здивот и понатаму не можат да се искупат за она што се наоѓа под површината.
На педесеттина километри од Рино, окружено со планини и пустина, на неговите брегови беа пронајдени артефакти кои им припаѓале на американските доселеници и кои се едни од најстарите во Северна Америка.
Меѓутоа, пред доаѓањето на Европјаните, племето Пајуте на дното од езерото ги фрлале предвремено родените бебиња, како и бебињата со деформитети. Нивните коски и понатаму лежат на дното. Легендата вели дека бесните духови на новороденчињата владеат со езерото, живеат под неговата површина и копнеат по одмазда, а луѓето редовно го пријавуваат нивниот плач и лудото смеење.
Езерото Појанг во Кина
Сместено е на северот од провинцијата Џијангси и е најголемото слатководно езеро во Кина, бидејќи зазема површина од околу 3.500 километри квадратни, со просечна длабочина од осум метри.
И покрај релативно малата длабочина, езерото Појанг е познато и по тоа што е неверојатно опасно: од раните шеесетти години од минатиот век, тоа проголтало повеќе од 200 бродови и предизвикало исчезнување на повеќе од 1.600 луѓе. Токму поради овие факти, тоа се нарекува и Бермудски триаголник на Истокот и Место на смртта.
Неговата мистерија е уште поголема, ако се спомне фактот дека е исчезнат и еден голем јапонски морнарички брод во текот на Втората светска војна, кој никогаш не е пронајден. Институтот за географија и лимнологија во Нанкинг, посвети многу време во испитувањето на овој феномен, но тамошните научници се` уште не одговориле на главното прашање: Каде се сите тие бродови и тела кое езерото ги проголтало?Езерото Конистон во Англија
Сместено во северна Англија, во пределот на неверојатните природни убавини, ова и околните езе



