ИСКРЕНА ИСПОВЕД на една СОПРУГА: На мене и на мојот сопруг „дозволено ни е“ да се изневеруваме…

Отворениот брак може ли да биде стабилен или да ја зацврсти врската? Една жена мисли дека може па ја пренесува својата отворена исповест за поставување на основните правила на таквите односи.Анонимна читателка на списанието „Elle“ одлучи со јавноста да сподели приказна во врска со својот отворен брак, како тој функционира според поставени правила, и како таков е среќен.
„Пред месец дена уживав во неверојатен секс. Навистина фантастичен, оној поради кој ќе поцрвенете ако почнете да се присетувате на работа. Не можев да престанам да мислам на тоа како полека ме соблече, со часови во автомобилот си ги запознававме телата еден на друг, но и на тоа дека никогаш повеќе нема да го повториме.
Видете, мажот со кој спиев не е мојот сопруг. Но јас не сум прељубничка, или ако веќе така ќе ме наречете, јас сум оној вид на неверна жена која тоа го прави со знаење на нејзиниот сопруг и негова дозвола. Тој ја има истата таа слобода, а понекогаш дури и зборуваме за своите освојувања.
Да почнам од почеток. Мојот сопруг и јас отсекогаш сме имале силно либидо и двајцата знаевме дека моногамијата ни претставува проблем. Исто така знаевме дека нашата поврзаност е силна, па не сакавме меѓусебното неверство да не раздели. Неколку пати потклекнавме – тој ме изневери со поранешната, а јас започнав авантура со маж кој го запознав на интернет.
Сфативме дека не можеме да се бориме со тоа какви сме, па моравме да поставиме правила кои ќе ни одговараат. За тоа ни помогна интернетот, па одбравме страна за пронаоѓање луѓе кои се во брак но кои сакаат авантура, а се ориентиравме само на оние кои ни се оддалечени најмалку 150 км.
Дозволено ни е само да спиеме со луѓето кои ги запознаваме на таа страна, а тоа на двајцата ни дава чувство на сигурност. Никогаш не разменуваме телефонски броеви со тие луѓе, практикуваме сигурен секс со задолжителна заштита и двајцата се тестираме за полови болести два пати во годината.
Откако вака ќе ги набројам правилата, не звучи секси и спонтано – и токму во тоа е поентата. Тоа е животен стил кои сме го одбрале, што ни допушта да ја истражиме својата сексуалност, но и враќањето еден на друг на крајот од денот поради љубовта која не врзува. Но тоа воопшто не е лесно и е нешто за кое секогаш треба да водиме сметка.

 

Овој наш договор функционира веќе 2 години, па иако со некои наши сексуални партнери сме се сретнале повеќе пати, ниту еден од нас не развил подлабоки чувства кон некој друг. Мислам дека тоа нема да се случи бидејќи имаме силни меѓусебни чувства. Би лажела ако кажам дека повремено не сум загрижена, особено после читањето на неговите допишувања со други жени, но се обидувам да не гледам.
И кажала на пријателката дека нејзиниот сопруг ЈА ИЗНЕВЕРУВА – Еве што добила за возврат!
Имајте предвид дека тоа не е нешто што го правиме секој викенд, туку 4-5 пати годишно, во прилика кога еден од нас е на службен пат. Остатокот од годината ние сме нормален пар кој излегува со пријателите, гледаме ТВ од кревет и разговараме за тоа што ќе јадеме.
Зошто тогаш го правам тоа? Обожавам да заведувам, да возбудувам и освојувам некој, чувството дека сум сексуално посакана и од уште некој кој не е мојот сопруг. Освен тоа, возбудлива ми е и помислата дека мојот сопруг е атрактивен и за други жени, а јас сум единствената со која сака нешто повеќе. Мислам дека ние двајца го добивме најдоброто од двата света – уживање во неверството и чувство на љубов кога сме заедно.
За нас слободата да можеме да спиеме со други луѓе е она што не одржува, а тоа што го правиме зад затворените врати е тоа што самите го сакаме и не треба никој да го интересира. Ако функционира за нас, зошто некој би не осудувал? “Анонимна читателка на списанието „Elle“ одлучи со јавноста да сподели приказна во врска со својот отворен брак, како тој функционира сп

Пронајдете не на следниве мрежи: