ИСКРЕНА ИСПОВЕД: „Работев како архитект за 200 евра, а потоа заминав за Шведска и се изненадив!“

После две години работа како архитект во Србија за 25.000 динари, решив да си ја побарам среќата на друго место и да побарам работа во некоја од „ветените земји“. Изборот падна на Стокхолм, а јас резервирав авионска карта и заминав кај колешка од факултет којашто успеа да пронајде работа во престолнината на Шведска.„Странците велат дека ние на Балканот знаеме зошто живееме, имаме време за пријателите, за излегувања… Да, можеби имаме време за излегување, затоа што немаме работа! Секогаш ме нервирале изјавите на луѓето коишто немаат поим колку е тешко да се преживее од месец до месец, кога на сметка ќе легнат едвај 200 евра. И таа „привилегија“ ја имаат само поединци коишто имале среќа да најдат таква работа. Меѓу нив сум и јас, иако себеси не се сметам за среќничка“, ја започнува својата исповед една Србинка.
И продолжува:
„По завршувањето на студиите за Архитектура, долго барав работа во струката и едвај ја пронајдов во една агенција. Работев „од утро до мрак“ за 25.000 динари, а потоа ми пукна филмот и решив да си ја побарам среќата во друга земја. Букирав карта за Стокхолм и набрзо се најдов во Шведска.
Првото чувство? Многу е ладно! Откако се опремив со капа, шал и мапа на градот, тргнав во потрага. Секој ден одев во различен дел од градот. Имав список на фирми, бироа и агенции коишто сакав да ги посетам и да оставам работна биографија.
Некои беа луксузни, некои помалку, некои беа на цел кат од зграда… Во секој случај, сите ме дочекаа со раширени раце. Не можев да поверувам!
Странец, па уште од Србија (знаеме како гледаат на нас Балканците), поѕвоне на врата и сите отворија? Не само што ме пуштија внатре, туку ме дочекаа со насмевка, некои ми понудија кафе, сок… Разговараа со мене и ми посветија дел од нивното драгоцено време!
Мислам дека никогаш досега се немам почувствувано толку пожелно, важно, битно, а цели две години барав работа во Србија. И додека кај нас налетував на намуртени и нељубезни лица, во Шведска се случи спротивното!
Кога заврши првиот ден од потрагата, почувствував желба засекогаш да си заминам од Србија. Постои ли нешто поубаво од тоа кога луѓето ве ценат и почитуваат, прво како човечко суштетсво, а тогаш како колега?
За тие седум дена, посетив повеќе фирми и бироа, ја оставив својата биографија, запознав прекрасни луѓе и цврсто одлучив да се преселам ако искрсне некоја шанса.
По враќањето во Србија, сфатив дека прво треба да научиме да се почитуваме едни други како човечки суштества.
После неколку недели, ги добив и првите мејлови од Шведска. Не сакам да баксузирам, но среќата изгледа конечно ќе ми се насмевне…“„Странците велат дека ние на Балканот знаеме зошто живееме, имаме време за пријателите, за излегувања… Да, можеби имаме време за излегување

Пронајдете не на следниве мрежи: