На интернет кружи „искрено писмо“ од непознат автор, кое можеби е плод на фикција – но, кое добро објаснува зошто многу луѓе се денес загрижени поради политичката ситуација во регионот.„Отсекогаш бев за војна. Моите да ги поразат нивните. Отсекогаш во моето семејство, од колено на колено, се пренесуваше епиката на мртвите, омразата кон останатите и поинаквите. Ни социјализмот не ја укина омразата во нас. Говоревме дека ќе гласаме за реформистите, а гласавме за нашите. Така и сега, така и за век и векови. И така ги воспитуваме децата. И моите деца ќе одат во војна. И ќе гинат, бидејќи отсекогаш беше така. И ќе биде. И ќе бидам горд. Не верувате? Погледнете го нашите гробишта, јами…
И не ми треба ништо повеќе од омраза кон другиот. Од тоа живеам, од тоа ги хранам децата. Кој што сака војна, јас пред очи ќе му ја донесам. Исто така и на оној што не сака војна. Него прв ќе го убијам. И така секои 50 години. Мир? Мирот е за п*чки кои повеќе сакаат да работат, отколку да убиваат. А полесно е да се убие отколку да се работи. Затоа и се зачленив во партија, да не морам да работам во оваа пауза помеѓу регуларни војни. Мојот збор е искрен, мојот став е јасен. Тоа е мојата РЕАЛНОСТ:
Јас се викам МНОЗИНСТВО!!! Не пишувам срцепарателни објави, не се експонирам, не сум миротворец. МНОЗИНСТВО, запомнете го моето име. Да знаете против кого се борите. Да знаете од кого губите и кој ви носи војна.“„Отсекогаш бев за војна. Моите да ги поразат нивните. Отсекогаш во моето семејство, од колено на колено, се пренесуваше епиката на мртвите, о