Искуство на Миленко Неделковски: Електричен автомобил заштедува многу пари и ја чува природата

Мојот добар пријател, најголемиот жив дисидент во Европа, Даниеле Генсер од Швајцарија е човек што ми овозможи прв пат да возам електричен автомобил. Секако не сметајќи ги бампер аутата во луна парк, пишува Миленко Неделковски, раскажувајќи го неговото искуство за Дудинка.мк.Даниеле живее во куќа која е енергетски самодоволна, со серија батерии, пречистувачи на отпадна вода и сл.
И, како финале на се вози автомобил Тесла модел S. Од 0 до 100 забрзува за 2,7 секунди. Од Шведска до Сицилија вози без да потроши пари за гориво. Бесшумен е. Има радиус од над 400 километри без полнење. И, чини околу 80.000 евра она што ја го возев.
Реално, тоа е иднината на планетата.
Кои се мааните на електричните аута:
1. Бесшумни се, а со самото тоа и опасни по пешаците. Во многу држави има обврска да имаат звучници кои даваат звук на мотор со внатрешно согорување.
2. Ги нема од сите производители.
3. Ги нема во популарни варијанти како SUV, сикс-ситери и слично.
Предностите се евдиентни:
Не загадува.
2. Бесплатно е возењето. 3. Нема трошоци за сервис (масло во мотор, мењач и сл.) 4. Нема менувач. 5. Нема ламела.6. Нема “друг лагер“.
Колку што знам едно такво ауто има во Скопје. Сопственик е Предраг Чемеригиќ.
Моето сериозно размислување е следното ауто да ми е електрично. Малку се солени, ама многу исплатливи. Плус, има и субвенции од 5.000 евра на тоа ауто. Плус, нема плаќање акцизи, ДДВ, пакатрини, паркинзи, регистрации…
Зачувување на природата – МАКСИМАЛНО.Даниеле живее во куќа која е енергетски самодоволна, со серија батерии, пречистувачи на отпадна вода и сл.
И, како финале на се в

Пронајдете не на следниве мрежи: