Искуството на Елена Иванова со добиената стипендија од COTRUGLI

За сите оние кои се љубопитни да дознаат нешто повеќе за програмата на COTRUGLI Business school, решивме да направиме интервју со Елена Иванова која беше стипендиска на оваа бизнис школа, па сакаше да го сподели своето искуство со нашите читатели.
1. Како ја доби стипендијата од COTRUGLI, за што беше наменета и за каде? 
„COTRUGLI објави натпревар за селекција на стипендисти преку пвеќе медиуми. Аплицирав за MBA part-time програмата со 14 програмски модули во 6 градови во регионот. По селекцискиот процес ми јавија дека сум добила стипендија и „патувањето“ започна“. 
2. Какво е твоето искуство откако беше стипендист на COTRUGLI?
„Чест е да се биде стипендист на COTRUGLI. Финансиското олеснување е само мотив плус да го превземете товарот на part-time студирањето и да си верувате и на самите себеси дека може да стигнете до дипломата – исто како што и жирито на COTRUGLI верувало во вас. Самиот селекциски процес најпрво ве прави победници, а штом ќе почнат предавањата ги запознавата и другите стипендисти околу вас и тоа ќе бидат вашите следни најдобри и најценети соработници и пријатели. Во Македонија само што се формираше COTRUGLI Alumni Club каде сите стипендисти продолжуваат да се вмрежуваат во бизнисот и едукациските иницијативи во регионот. Мене ми е особено драго што сум член и на овој клуб“.
3. Кои се критериумите за аплицирање?
„Треба да имате минимум 3 години работно искуство и да прикажете ваши релевантни менаџерски проекти. На денот на селекцијата е вистински натпрева: тестови за интелигенција, англиски јазик, есеи, тимски прокетни задачи и многу други работи“.
4. Дали оваа стипендија ти помогна за збогатување на твоето знаење и приоритет во твојата иднина?
„Стипендијата е секако наменета за тоа. Знаењето кое се учи во COTRUGLI е бескомпромисно највредната придобивка од школата. Јас сеуште ги вртам книгите и често зборувам со професорите. Мислам дека се што научив таму, го препознавам во секојдневните бизнис предизвици и тоа ме држи будна и за новите знаења. Повеќе од половината дипломирани студенти веднаш по дипломирањето напредуваат во нови работни предизвици и обврски, а преостанатите веќе во тековната година. Јас сум само уште еден пример за тоа. Доколку ве интересира можете да прочитате повеќе на овој линк“.
5. Како ќе ги охрабриш сите оние кои се заинтересирани за ваков вид стипендија и на кој начин може да аплицираат?
“Почнете од тука https://www.cotrugli.eu/scholarships_macedonia “.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

За сите оние кои се љубопитни да дознаат нешто повеќе за програмата на COTRUGLI Business school, решивме да направиме

Пронајдете не на следниве мрежи: