Сириските исламистички бунтовници зазедоа село во кое се говори јазикот на Исус, јавија сириските медиуми. Христијанското село Малула се наоѓа северно од Дамаск и во текот на ноќта било заземено од исламистите.
„Силите на сирискиот режим ноќеска се порбиле во селото, но бунтовниците испратиле засилување и успеале да го освојат целото село, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман, додавајќи дека во Малула влегле припадници на исламистичкот Фронт ал-Нусра.
Локален жител на Малула во телефонска изјава за западен медиум, потврди дека владините сили се повлеке од таа област и дека селото е под контрола на бунтовниците.
„Бунтовниците се во Малула, во цела Малула. Владините сили се повлекоа од Малула, изјави тој“, додавајќи дека сега состојбата во селото е мирна.
Според Сирискиот центар, при борбите во Малула загинале најмалку 17 бунтовници и неколку дестици припадници на владините сили и правоените формации лојлани на властите во Дамаск.
Малула важи за еден од симболите на христијанското присуство во Сирија. Најголемиот дел од жителите на Малула говорат арамејски, јазик кој се говорел во регионот во времето на Исус. Денес во светот живеат меѓу два и три милиони Арамејци, од кои најголемиот дел на Блискиот Исток и пред се во Сирија.Христијанското село Малула се наоѓа северно од Дамаск и во текот на ноќта било заземено од исламистите.
„Силите на сирискиот ре