Застрашувачко видео за кое се тврди дека е дело на Исламска држава, покажа мало дете како заплака пред камера.Момчето е на видлива возраст под 10 години и е облечено во традиционална облека.
Со едната рака мавта со пиштол, а додека зборува, маж го охрабрува зад камерата:
„Ние сме најмалите на калифатот, сакаме да одиме во Ирак и да се вклучиме во операциите“, вели малото момче и често погледнува кон мажот кој му зборува на англиски.
„Дејли Меил“ го објави споменатото видео, а од медиумите потсетија дека деца се појавувале и друг пат во пропагандните материјали на терористичката група.
Во меѓувреме, од рускиот Центар за примирје меѓу завојуваните страни во Сирија соопштија дека терористичката група „Џебхат ан Нусра“ егзекутирала свои членови и нивните семејства бидејќи одбиле да се борат:
„Во соседството Карјат-ел-Ансари во источниот дел на Алепо терористите од Џебхат-ан-Нусра егзекутираа борци со нивните семејства, кои се обидуваа го положат оружјето и да поминат низ хуманитарните коридори во областите контролирани од владините сили“, се наведува во пораката.
Според нивните податоци станува збор за над 40 лица.
Child 'ISIS supporter' holds a gun and spouts propagandahttps://t.co/f8B3jOS68S pic.twitter.com/VWcdnXOu0g
— Daily Mirror (@DailyMirror) August 12, 2016
Момчето е на видлива возраст под 10 години и е облечено во традиционална облека.
Со едната рака мавта со пиштол, а додека зборува, маж го о